Фото: iStock
ЕУ е една од најголемите групации во светот. Како единствен блок, ЕУ има популација поголема од Америка, копнена област колку Индија и економија подобра од сите заедно во светот.
1. Секоја европска земја е членка
Меѓутоа, за голем дел од луѓето ЕУ е нешто непознато, па така често мислат дека повеќето или сите европски земји се дел од унијата. Меѓутоа, во зависност од тоа како броите, континентот содржи некаде помеѓу 42 и 48 земји (некои броења не ги вклучуваат Русија, Турција, Ерменија, Грузија, Азербејџан и Ватикан), а ЕУ ќе има 27 членки кога Велика Британија ќе замине во март 2019 година.
Некои од овие земји се повеќе ангажирани со блокот, а некои помалку. Норвешка, Исланд и Лихтенштајн се членки на Европската економска област, што значи дека го следат Брисел за некои прашања, но не за сите.
2. Секоја земја го користи еврото
Една од најзбунувачките работи во ЕУ е дека понекогаш изгледа како млада нација, а понекогаш како трговски блок. Еврото е добар пример за ова. Иако е официјалната валута во ЕУ, покрај еврото, во унијата се наоѓаат и доларот, и фунтата, и јенот. За работите да бидат уште позбунувачки, постојат многу други земји што не се членки на ЕУ, а го користат еврото.
Вкупно 19 земји од ЕУ го користат еврото како своја официјална валута, наспроти 9 што не го користат (вклучувајќи ја и Велика Британија). Земјите што го користат еврото ја создаваат еврозоната.
3. Ова е единствениот голем трговски блок со слободно движење
Основана во 70-тите години, ги сруши границите меѓу соседните земји со цел да создаде свет на слободно движење и еднакви можности - станува збор за Економската заедница на западноафриканските држави, регионална групација што претставува една од најголемите сили во цела Африка. Тука се вклучени земјите од Нигерија, Того, па до Сенегал, и претставува еден вид африканска ЕУ.
Ова вреди да се спомене бидејќи многумина погрешно претпоставуваат дека четирите слободи на ЕУ (слободно движење на стоки, капитал, услуги и работна рака) се уникатно пријателски настроени кон имиграцијата. Постои и Меркосур-системот од Јужна Америка што им овозможува на граѓаните слобода да живеат и да работат во соседните држави.
4. ЕУ е промигрантска и пробегалска
Фото: GuentherZ
Бегалците треба да бидат затворени во стари воени бараки, постојано надгледувани и да добиваат финансиски казни ако не успеат да се интегрираат во локалната култура. Оваа платформа беше неодамна прифатена од Хајнц-Кристијан Штрахе, заменик-канцелар на Австрија, а владата веќе има имплементирано дел од финансиските казни.
Австрија не е членка што ја основала ЕУ, но е просперитетна западна држава. Коментарите на Штрахе покажуваат дека ЕУ е далеку од промигрантски рај и доста често има антиимигрантски ставови.
Чешка, Полска, Унгарија, Словачка, Холандија, Данска и Бугарија имаат антиимигрантски партии во владата. И во Брисел преовладува антиимигрантско чувство. Договорот од март 2016 година за испраќање на бегалците назад од ЕУ во Турција беше толку антиимигрантски, што „Амнести интернешенел“ го нарече срамен.
Перцепцијата во странство дека ЕУ е имигрантско прибежиште главно се сведува на една жена. Во 2015 година Меркел ги отвори вратите на Германија за барателите на азил. Но во 2017 година германските гласачи ја казнија Меркел на гласањето.
5. Има многу внатрешна миграција
Фото: iStock
Со оглед на тоа што ЕУ им овозможува на граѓаните да живеат и да работат во други земји-членки со малку ограничувања, се добива перцепција дека многу од нив го прават токму тоа. Едно истражување во Велика Британија, спроведено од страна на анкетната фирма „Ипос Мори“, покажа дека Британците претпоставувале дека над 10 отсто од населението во земјата се родени во друга држава на ЕУ.
Бројките кажуваат друга приказна. Според центарот за истражување „Пју“, околу 20 милиони граѓани на ЕУ во моментов живеат во друга земја-членка, а не во таа во која се родени.
6. ЕУ претставува сила на доброто
Бидејќи имиџот на ЕУ во странство е прогресивен, има многу либерали што сметаат дека е некакво рајско место. Додека ЕУ сигурно не стане прогресивна во некои аспекти (на пример, смртната казна е забранета), таа никогаш нема да биде силата на доброто, како што многу луѓе ја претставуваат.
7. ЕУ е сила на злото
Бидејќи живееме во поларизиран свет, има еднаков број на луѓе што мислат дека нејасната прогресивна наклонетост на ЕУ ја прави злобна империја. Меѓутоа, иако има недостатоци, ЕУ успеа да постигне работи што несомнено го направија светот подобро место за живеење.
Апсењето на српските воени злосторници Радован Караџиќ и Ратко Младиќ. Тие неодамна беа обвинети за геноцид. Има и други достигнувања. Големите економски придобивки од поранешниот комунистички источен блок се должат на масовното проширување на членството во ЕУ во 2003 година.
8. Постои само за доброто на Германија
Германија е една од најважните економии на ЕУ. Со заминувањето на Велика Британија, само Франција се доближува. Особено под Меркел, Германците имаа значително влијание во Брисел. Но дали целиот проект е насочен кон Германија? Не баш - затоа што гласањето за повеќето работи бара повеќе од половина од земјите-членки да прифатат. Гласањето за навистина големи работи, како на пример дозволата да се приклучи нова земја, бара согласност од секоја земја-членка.
Тука се и парите. Германија пумпа луди количини на готовина во ЕУ, од кои повеќето одат во земји како Полска, Германија, Бугарија и други држави од поранешниот источен блок. Секако, Германија поголемиот дел од тоа го прави во трговски бенефиции, но не и повеќе од другите нето-придонесувачи на ЕУ.
9. Турција може да се приклучи еден ден
Една од најголемите приказни што доминираат во британските наслови на весниците во периодот пред изборите за Брегзит беше загриженоста дека Турција наскоро би можела да пристапи во ЕУ. Ова ги поттикна стравувањата од турските имигранти што пристигнувале на бреговите на Велика Британија и предизвика вознемиреност во другите земји на ЕУ за зголемено членство на муслиманите во Унијата.
Овие стравувања во најголем случај се неосновани. Иако ЕУ започна разговори со неколку земји за приклучување, повеќето од нив никогаш не ги видела повторно. Турција можеби има најмала веројатност да се приклучи.
Голем дел се враќа на фактот дека сегашните членки на ЕУ мора да се согласат да ѝ се придружат на новата земја.
10. Жителите од ЕУ-земјите мора да имаат бордо пасош
Фото: iStock
Овие пасоши се стандард за ЕУ. Додека ЕУ сугерира дека новите членови треба да користат пасоши со бордо боја, тоа не е услов. На пример, Хрватска сè уште користи темносини пасоши.
Ова би можело да изгледа како тривијално прашање, но тоа доведува до прашањето зошто постои незадоволство во многу делови на ЕУ. Практиката на Брисел да ги поттикнува луѓето подалеку од нивните национални интереси во комбинација со локалните политичари кои никогаш не се мачеле да им ги кажуваат промените на граѓаните се причините зошто се случи Брегзитот.
Покрај сите невистинити работи во кои луѓето веруваат во врска со ЕУ, постои и една критика што има многу вистина: ЕУ веројатно треба да има подобра комуникација со своите граѓани. Од тоа дали ќе ја постигне оваа не толку едноставна задача ќе зависи иднината на најголемиот
светски трговски блок.