X
 01.06.2021 Живот

Далеку од дигитализација: Како изгледаат ковид-пасошите во земјите на ЕУ?

Иако Европската Унија активно работи на реализација на ковид-пасош од почетокот на годинава, неговото одложување за јули тешко може да биде добра вест за домашниот туризам, особено поради фактот дека примената на овој документ ќе биде под знак прашалник до последен момент.

Имено, според информациите што веб-страницата „Јутарњи лист“ ги добила од Хрватскиот национален туристички одбор, најверојатно Словаците годинава на Јадранот ќе можат да одат со печатени хартии и картонски сертификати.

Далеку од дигитализација


Имено, не само што Словачка е далеку од дигитализација на здравствените информации што ќе се потребни за патувања ова лето, туку има и проблем со тековните, хартиени сертификати кои не се најпогодни за преминување на границата затоа што повеќето документи се издаваат на словачки јазик.

За разлика од Словаците, Чесите немаат проблем со патувањето - моментално издадените сертификати се двојазични, а ковид-пасошот треба да биде формализиран пред јули.

Полска е прилично напредна по ова прашање: Агниеска Пушевиц, директорка на претставништво во Варшава, вели дека ковид-пасошот се тестира на пазарот од 20 мај, а најавено е сертификатот да биде поврзан со европскиот систем најдоцна до 25 јуни.

Главниот поборник за „зелен пасош“, Австрија, активно работи на воведување на документот и во моментов се доведува во прашање дали поставениот концепт обезбедува заштита на личните податоци на кои Австријците обрнуваат многу внимание.

2
Фото: Freepik

Ситуацијата е добра и во Унгарија, која има дигитално централизирани податоци и веќе издава безбедносни сертификати на сите оние што примиле вакцина или ја прележале болеста. Постојните документи во дигитална форма се користат во земјата. Унгарија веќе потпиша договор со Хрватска за меѓусебно прифаќање на сертификатите за вакцинација, што позитивно влијае врз зголемениот број на унгарски туристи во Хрватска.

Италијанскиот премиер Марио Драги оваа недела во Брисел објави дека дигиталниот сертификат ќе биде готов кон средината на јуни, а засега нема дојава дека би имало тешкотии околу неговото воведување во Италија.

Како изгледаат сертификатите?

Словачка: Тест на А4-хартија, нема англиски превод, ниту електронски код.

Чешка: Веќе се издаваат двојазични сертификати, а ковид-пасошот веројатно ќе почне да се издава пред јули.

Полска: Ковид-пасош се тестира на пазарот од 20 мај и ќе биде поврзан со ЕУ до 25 јуни.

Австрија: Се разгледува дали концептот обезбедува заштита на личните податоци.

Унгарија: Има дигитално централизирани податоци и се издаваат безбедносни сертификати.

Италија: Дигиталниот сертификат ќе биде готов до средината на јуни.

Извор: Jutarnji.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот