X
 16.09.2022 Живот

„Евростат“: 95,4 милиони лица во ЕУ лани биле изложени на ризик од сиромаштија

Во 2021 година 95,4 милиони лица во Европската Унија, што претставува 21,7 процент од населението, беа изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, соопшти „Евростат“.

Споредено со 2020 година, има пораст за 0,1 отсто, односно 94,8 милиони лица биле во ризик од сиромаштија,.
Највисок процент на луѓе изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост е забележан во Романија (34 отсто), Бугарија (32), потоа следуваат Грција и Шпанија (28) и Летонија (26 проценти).

Спротивно, најмал процент имало во Чешка (11 отсто), Словенија (13) и Финска (14 проценти).

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот