X
 21.01.2018 Живот

Ајнштајн: „Имагинацијата е поважна од знаењето“

Прочитајте што кажал Алберт Ајнштајн во врска со национализмот, политиката, разумот, успехот.


1. За авторитетот

„Почитта кон авторитетот без размислување е најголемиот непријател на вистината“.

2. За политиката

„По наследство сум Евреин, по државјанство Швајцарец, а по состав човечко битие. Јас сум само човечко битие без посебна врска со која било држава или националност“.

 3. За веројатноста

„Колку и да зборуваат законите на математиката за стварноста, тие се несигурни: колку и да се тие веројатни, не зборуваат за стварноста“.

4. За човештвото

„Како човечко битие, на секого му треба толку малку интелигенција за да види колку таа интелигенција е недоволна при соочувањето со она што постои“.

5. За здравиот разум

Здравиот разум не е ништо повеќе од вложени предрасуди, втемелени претходно во умот, пред 18-тата година од животот“.

6. За успехот

„Ако А е успех во животот, тогаш А Х плус Y плус Z. Работата е X, Y е забава и Z е држење на устата затворена“.

7. За национализмот

„Национализмот е детска болест. Тој е буквално зараза од мали сипаници на човечкиот вид.“

8. За мистериите

„Најубавото искуство што можеме да го имаме е мистеријата. Се работи за фундаментална емоција која стои во колепката на вистинската уметност и наука. Кој не знае за неа или не може да се чуди и да му се восхитува на светот околу себе, подобро да е мртов, а неговиот поглед е заматен“.

9. За имагинацијата

„Имагинацијата е поважна од знаењето. Знаењето е ограничено. Имагинацијата го опкружува целиот свет“.

10. За амбицијата

„Ништо исконско не доаѓа од амбицијата или чувството за одговорност. Таа доаѓа од љубовта и посветеноста на луѓето и другите објективни работи“.

11. За учењето

„Повеќето учители губат време поставувајќи прашања што се наменети за откривање на она што ученикот го знае, додека вистинската уметност на испитувањето е да се открие она што ученикот го знае и е способен да го знае“.

12. За размислувањето

„Многу ретко размислувам во зборови. Прво стигнува мислата, а јас се обидувам потоа да ја изразам во форма на зборови“.

13. За љубопитството

„Многу е важно да не се престане со поставување прашања. Љубопитноста сама со себе има своја причина за постоење“.

14. За животот

„Среќниот човек е презадоволен од сегашноста за да поминува премногу време во иднината“.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот