X
 27.04.2017 Култура

Помалку познати факти за генијот Ајнштајн

Романтични врски и политички интриги го следеле животот на генијалниот физичар Алберт Ајнштајн, кој е најдобро прикажан во новата телевизиска серија „Genius“.


Фото: Wikipedia

National Geographic“, откриваат помалку познати факти за големиот физичар.

1. Кога имал 16 години се откажал од германското државјанство

Од секогаш го мразел национализмот и сметал дека е подобро да биде „граѓанин на светот“. Во 1901 година станал швајцарски државјанин.

2. Се оженил со единствената студентка која ги следела неговите часови по физика

Се работи за Милева Мариќ, која се откажала од сите амбиции иако била одлична математичарка и физичарка, па се омажила со Ајнштајн и основале семејство.

3. ФБИ имале досие за него од 1427 страни

ФБИ започнале да собираат информации за Ајнштајн во 1933 година, а досето добило толку многу страници кои биле фокусирани на неговите долгогодишни врски со мировните и социјалистичките организации.

4. Имал незаконско дете

Милева го родила нивното вонбрачно дете, ќерка во 1902 година додека престојувала со своето семејство во Србија. Се верува дека починала во детсвото или била дадена на посвојување.

5. На својата прва жена и ги дал парите од Нобеловата награда за да се разведат

И понудил 32.250 долари што било 10 пати повеќе од просечна годишна професорска плата во тоа време.

6. Се оженил со првата братучетка

Елса, втората негова жена била ќерка на сестрата на неговата мајка. Биле роднини и преку таткото на Алберт кој бил роднина на таткото на Елса.

7. Бил активист за граѓански права пред движењето за граѓански права

Ајнштајн бил поддржувач на човековите права и слободата на говор.

8. Неговиот син бил во психијатриска болница поголем дел од својот живот

Вториот син Едвард, имал шизофренија и бил сместен во специјална установа. Таму и починал на возраст од 55 години, а откако Ајнштајн се преселил во САД воопшто не го гледал својот син.

9. Имал турбулентен однос со Фриз Хабер

Се работи за германски хемичар кој му помогнал на Алберт да се вработи во Берлин и му бил еден од најблиските пријатели. Хабер бил Евреин кој преминал во христијанство. Го нарекуваат „таткото на хемиското оружје“.

10. Имал афера со Русинка, најверојатно шпионка

Маргарита Конекова била негова љубовница. Според книгата која е напишана од руски шпион, Маргарита била руски агент, но тоа уште не е потврдено.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура