X
 19.08.2016 Култура

Кожна јакна на Алберт Ајнштајн продадена на аукција

Разни предмети кои биле во сопственост на Алберт Ајнштајн неодамна се продадени на аукција. Меѓу нив продадена е и кожна јакна во прилично лоша состојба и со специфичен мирис.

 

ајнштајн

 

Аукционерите сметале дека јакната Леви Штраус ќе се продаде по цена од 52.280 до 78.420 долари. Сепак, на крај била продадена за 144.424 долари. Купувачот не е познат. Не се знае дали е во нечија приватна сопственост или ќе биде јавно изложена.

Јакната е забележана на бројни негови фотографии направени во 1930-тите во екот на неговата слава. Иако не е познато како ја добил, се смета дека таа е една од првите нешта кои нобеловецот ги донел кога емигрирал во САД. Ајнштајн веќе бил во Њујорк кога нацистите земале замав во Германија во 1933 година. Тој поради еврејското потекло решил да не се враќа и во 1940та година станал американски граѓанин.

„Оваа јакна се чини како да го заробила расположението на Ајнштајн кога започнувал нов живот во САД. Направена е од Леви Штраус и изгледа автентично американски“ - вели Томас Венинг, еден од експертите на аукцијата.

Неверојатно е тоа што сé уште мириса на чад. Како што е познато, научникот бил страствен зависник од пушење луле.

На аукцијата се продавале и играчки во форма на плочки за градење со кои тој си играл кога бил дете. Тие се продадени за 81.688 долари, а неговиот џебен часовник бил продаден за 348.416 долари.


Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура