X
 31.12.2016 Живот

Зошто жените не гласаат за жени?

Истражувањата покажуваат дека во Европа и во САД, и покрај нормативните рамки и родово чувствителните политики, жените гласачи во висок процент се определуваат за машките кандидати

Со заминувањето на Санда Рашковиќ-Ивиќ од челото на „ДСС“, српската политичка сцена остана без единствената жена, лидер на политичка партија, а анализата на Делегацијата на ЕУ во Србија, која беше спроведена со поддршка на Координативното тело за родова еднаквост во владата, покажува дека помеѓу носителите на одлуки во земјава речиси и да нема жени, пишува „Политика“.


жените во политика


Од 19 министерски места во Владата на Србија, само на пет места се жени

Анализата на Центарот за истражување на јавните политики на тема „Родова еднаквост и политичките процеси: Зошто жените не гласаат за жени?" покажа дека високата политика и понатаму е резервирана за членовите на „посилниот" пол.

Програмските документи, организацијата и работењето на политичките партии, покажува дека родовата еднаквост не е подеднакво застапена во функционирањето на политичките партии, што укажува на релативно ниско ниво на важност на ова прашање во партиската политика, се вели во анализата.

„Составот на партиските органи укажува на исклучително ниско ниво на учество на жените во процесот на одлучување и лидерство. Мажи на места претседател на партии кои имаат само еден или воопшто немаат потпретседател, извршни комитети кои во својот состав имаат под 30 проценти од жените, или пак воопшто немаат се податоци кои укажуваат на постоење на голем број пречки со кои се соочуваат жените во обидот да напредуваат на кариерната скала во партијата. Од друга страна женските стручни и советодавни тела досега немале соодветен механизам за подобро позиционирање на членките на партијата во внатрепартиската структура.

Недовршената институционализација на овие тела, како и недоволното вклучување и соработка на жените во рамки на партиите кога работат на застапување на прашања од интерес за подобрување на својата позиција придонесува за невидливост на жените политичарки во работата и делувањето на партијата“- се наведува во анализата.

Иако воведувањето на квоти во Народното Собрание го обезбеди учеството на околу 30 отсто од пратениците во ова и претходното законодавство, се забележува дека не постои тренд на зголемување на учеството на жените во составот на Народното Собрание, што покажува дека без зголемување на квотите тешко може да се очекува пораст на процентот на жените во ова законодавно тело. Нееднаквата застапеност на жените во пратеничките групи и постоењето на Комитетот во Народното собрание, во чиј состав се помалку од 30 отсто од жените покажува дека е потребно отстранување на одредени нормативни и интер-партиски бариери. Од друга страна, промена се забележува кога станува збор за претседавање на одборите - жените се на чело на осум од вкупно 20 комисии.

Сепак, иако често може да се слушне дека мажите се оние кои не сакаат да ги делат позициите на моќ со жените, истражувањето на „Евробарометар“ покажува дека жените гласачи не сакаат да гласаат за жени политичарки, само затоа што припаѓаат на истиот пол.

Лазар Маричевиќ, психолог кој ги проучува факторите кои влијаат врз изборот на одреден политичар за „Политика“ вели дека женските гласачи гласаат исто како и машките гласачи, иако полот е ирелевантна демографска карактеристика.

Истражувањата покажуваат дека и во Европа и во САД и покрај нормативните рамки за родово чувствителните политики, жените гласачи во висок процент се определуваат за машките кандидати.

Владимир Пејиќ, директор на агенцијата „Фактор плус“ изјавил дека жените не гласаат за полот, туку за партијата, како и тоа дека во помал процент излегуваат на гласање на избори. Тој смета дека машките гласачи се оние кои дискриминираат врз основа на полот, додека жените немаат ниту позитивна, ниту негативна дискриминација.

Од друга страна, Славица Ѓукиќ-Дејановиќ, министерка без ресор вели дека е факт дека жените не гласаат за жени, бидејќи во нашето патријархално општество е вкоренето верувањето дека жената мора да се посвети на грижата за своето семејство.

„За промена на овие верувања е потребно време и воспитување на децата од најрана возраст“- истакнала таа во изјавата за „Политика“.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот