X
 25.01.2018 Култура

Дознајте ги номинираните за „Златна малина“ 2018?


Сцена од филмот „Педесет нијанси сива“
(Фото: Youtube printscreen)


Веќе се објавени номинациите за „Razzie“, односно „Златна малина“, кои се доделуваат за најлоши филмски остварувања во годината што помина.

Филмот „Педесет нијанси потемно“, исто како и неговите претходници, и оваа година има голем број номинации, а основачот на „Златна малина“,  Џон Вилсон, го нарече „повеќе приспивен отколку секси“.

Филмот „Трансформерс: Последниот витез“ доби најмногу номинации за најлош филм, а оваа година на листата се најдоа и добитници на „Оскари“, како Џенифер Лоренс, Том Круз, Мел Гибсон и Расел Кроу.

„Трансформерсите“ заработија девет номинации, меѓу кои и за најлош филм и најлош каст, меѓу кои се и Ентони Хопкинс и Марк Волберг.

Џони Деп е номиниран за она што се нарекува „најлоша пијана рутина“ за филмот „Пирати од Карибите: одмаздата на Салазар“, додека филмот на Дарен Аронофски - „Мајка“ е наречен - смешен.

Наградата „Златна малина“ е основана во 1980 година и претставува антипод на церемонијата на доделување на „Оскарите“.

Добитниците на наградата за најлош филм на годината, доколку се појават на церемонијата, добиваат златна малина, која за разлика од „Оскарот“ не е од злато, туку е испрскана со златен спреј.

Доделувањето на овие награди се одржува истата ноќ кога се доделуваат „Оскарите“.

Номинациите и победниците се објавуваат онлајн, а за нив гласаат 1.000 члена на академијата „Razzie“ од 24 држави, кои плаќаат членарина од 40 долари, а самиот трофеј вреди 4 долари. Досега единствени „победници“ што дошле на церемонијата се Сандра Булок и Хали Бери.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура