Програмските јазици брзо се развиваат, при што нови јазици го заземаат местото на старите. Ако сакате да станете и да останете успешни во ИТ-светот, треба внимателно да ги следите овие промени.
Компанијата „
Merehead“ детално ги анализира најкористените програмски јазици што ќе бидат популарни во 2018 година. Основа на оваа анализа се статистичките податоци од страницата „Stackoverfow“, која секоја година подготвува извештај за најпопуларните програмски јазици.
Истражувањето опфатило повеќе од 50.000 програмери од целиот свет. За да се следи динамиката, собрани се податоците од 2017 и од 2016 година, а притоа се користени и податоци од сервисот „Google trends“. Еве ги добиените заклучоци:
Javascript
Овој е еден од најпопуларните програмски јазици и го зазема првото место на листите веќе неколку години по ред, а јасно е дека тенденцијата ќе продолжи. Ова е програмски јазик кој нуди низа различни можности и овозможува развој на десктоп, веб- и мобилни апликации.
Javascript има многу погодни и флексибилни библиотеки. Меѓу најпопуларните се
React.js,
Angular.js и
Vue.js. Последната е сè попопуларна, со добри перформанси и е една од наједноставните за учење.
Сепак, пазарот е веќе поделен помеѓу „React“ и „Angular“. Библиотеката „React“ ја разви компанијата „Facebook“ и е една од најпопуларните библиотеки што се базираат на
Javascript.
Компанијата „Google“ го разви релативно сложениот „Angular“, кој е погоден за развој на веб-апликации за големите компании. Програмерите долгo време користеа
Angular1, сè додека пред неколку години не се појави
Angular2, кој е поефикасен, попрактичен и побрз. „Google“ моментално работи на развој на
Angular4, коj како поефикасна замена за
Angular2 треба да стане лидер меѓу
Javascript библиотеките.
SQL
Овој програмски јазик се користи за управување со податоци во релациони бази на податоци. Познавањето на
SQL е неопходно при дизајнирање база на податоци кои ги користат повеќето веб-страници.
Java
Ова е јазик што е популарен во финансиската и банкарската индустрија, пред сè поради брзината и нивоата на безбедност.
Java-програмерите се многу почитувани на пазарот на труд поради недостигот на квалитетен кадар.
Овој програмски јазик се смета за еден од потешките за учење, но се употребува за разни цели, меѓу другото и за развој на Андроид-апликации, што е една од најважните причини за популарноста на јазикот, кој е меѓу првите пет најпопуларни јазици, а особено е почитуван од страна на програмерите.
C #
Овој е еден од најнапредните и најсигурните програмски јазици. Тој е главниот развоен јазик за
Microsoft.NET платформата.
C # е многу сличен на Java, но има многубројни предности, иако е многу потежок за совладување. За оние што претендираат да се искачат на скалилата и да ја прошират својата моќ како програмери,
C # е добар избор.
PHP
Станува збор за најчесто користениот програмски јазик за серверскиот дел од програмирањето. Според статистиките,
PHP користат околу 240 милиони веб-страници.
Овој јазик има добра флексибилност и перформанси. Може да се користи за изработка на веб-страници на мали претпријатија, како и за гломазни проекти со големи оптоварувања.
Компанијата „Merehead“ му дава предност на овој јазик во однос на алтернативите. „Во нашата работа користиме работна рамка
Laravel за развој на големи веб-апликации. Она што сакаме да го маркираме како недостаток е немањето капацитет за развој на десктоп-апликации и серверски компоненти“, истакнуваат од оваа компанија.
Како и кај повеќето програмски јазици, популарноста на
PHP опаѓа, но и покрај тоа, исто како и
Java, сè уште е во рамките на десетте најпопуларни програмски јазици.