X
 25.01.2018 Наука

Научниците клонирале мајмуни

Уште од раѓањето на овцата Доли во 1996 година, научниците од целиот свет се обидуваат да ја користат истата техника за клонирање голем број други животински видови, меѓу кои мачки, кучиња, глувци. Се покажало дека приматите се отпорни на процесот – барем досега.

фотоизвор: Chinese Academy of Sciences

Во нова студија истражувачи од Кина откриле дека пронашле начин да ја искористат техниката за клонирање и кај примати. Нивниот труд резултирал со два клонирани мајмуни-женки од видот макаки. Техниката вклучува заменување на јадрото во јајце-клетката на донаторот со јадро земено од клетка од друго животно. Откако научниците користеле електрична струја за да направат јајце-клетката да верува дека е оплодена, започнале со развивање ембрион кој може да биде вметнат во сурогат за да започне бременоста. Животното што произлегува од таа бременост е генска копија на животното што го донирало јадрото.

Кај приматите процесот никако не успевал во фазата на развој на ембрионот. Тимот на истражувачи сега додал два елемента во вообичаената колекција на материи и фактори за раст, кои се типични за ембриони развивани преку сурогат-имплантација. Се работи за состојка наречена „трикостатин А“ и „РНА“. Тимот потоа ја тестирал техниката преку користење клетки од возрасни и мајмуни фетуси од видот макаки. Имплантирале 79 ембриони во 21 сурогат. Од сурогатите, 6 останале бремени, а имало само две успешни раѓања на мајмунчињата наречени Зонг Зонг и Хуа Хуа.

Иако не е првиот тим што клонира примат, тој е првиот што користел модифицирана верзија на методот од овцата Доли. Видот макаки е поблизок до луѓето во генетичка смисла отколку глувците, па со тоа се смета дека научниците имаат поголема контрола при креирањето. Сега би можело да се тестираат низа третмани во лабораторија над овие видови мајмуни за болести како Алцхајмерова, Паркинсонова или канцер, кои е докажано дека имаат генска основа и кај овие животни.

Некои стравуваат дека во однос на клонирањето следни се луѓето. Сепак, научниците велат дека намерата не е оваа метода да се примени на луѓето, туку да се направи чекор напред во науката кој ќе послужи за позитивен исход во однос на третирање болести и подобро разбирање на биологијата.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука