Не можеме да замислиме како би изгледал светот по 1.000 години, но можеме да претпоставиме во која насока ќе напредува технологијата и како еволуцијата ќе влијае врз отпорноста и изгледот на човекот.
Списанието „
Бизнис инсајдер“ во разговор со научници и експерти направи видео во траење од три минути каде што концизно се проектира како би изгледал човекот во иднина.
Се очекува во наредните 130 години просечната висина кај мажите и жените да порасне во споредба со моменталниот просек, но исто така се очекува напредок на полето на видот и на слухот.
Најинтересен е прогресот на гените, кои би можеле да еволуираат до тој степен што без проблем, а во соработка со имунолошкиот систем, ќе можат ефикасно да се борат против денешните болести и вируси. Освен неверојатната отпорност на организмот, забавениот процес на стареење и долговечноста исто така се наоѓаат на списокот со работи со кои човекот во иднина ќе може успешно да се справува.
Стручните лица тврдат дека за 1.000 години е можна и бесмрноста благодарение на генетичкиот инженеринг и дигитализацијата. Поточно, нашите сеќавања, како во серијата „Black Mirror“, ќе бидат „данлодирани“ на компјутер каде што ќе можат да го продолжат своето постоење во тело од друго лице, така што ќе се пресадуваат.
Погледнете го ова интересно видео за иднината на човечката раса: