X
 01.12.2016 Технологија

Кратенки на тастатурата кои ќе ви заштедат време

Десктоп компјутерите полека ја губат популарноста, а се појавуваат моќните таблети и паметни телефони кои денес можат да извршат и доста сложени задачи.

 

кратенка


Ваквиот тренд ќе продолжи и во иднина, секако, доколку им верувате на прогнозите и статистиките кои покажуваат дека пазарот за таблетите брзо расте. Екраните на допир исто така се доста популарни, додека класичното глувче и тастатура полека одат во историја.

Ако сте „вистински“ информатичар, тогаш не работите многу често со глувчето. Информатичарите отсекогаш биле повеќе наклонети кон тастатурата, а глувчето никогаш не го прифатиле целосно, поставувајќи си го прашањето „Зошто да се користи глувче кога тастатурата може да направи се' што сакате?“

Токму поради тоа, во продолжение ви нудиме неколку кратенки на тастатурата кои ќе ви бидат од голема корист.

Ctrl + a = Избирање на целиот текст на страната
Ctrl + c = Копирање на текстот или датотеката која е означена
Ctrl + v = Пастирање/Лепење на текстот кој претходно сте го копирале
Ctrl + z = Ја враќа претходната работа
Ctrl + -> = Скокнување на почетокот на следниот збор
Ctrl + Shift + -> = Означување на цели зборови од лево на десно
Ctrl + Shift + <- = Означување на цели зборови од десно на лево
Shift + -> = Означување на одредени букви од лево на десно
Shift + <- = Означување на одредени букви од десно на лево
Alt + Tab = Движење помеѓу прозорчињата на Windows
Windows + m = Минимизирање на сите прозорчиња
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија