X
 29.01.2018 Култура

Најновите трејлери: „Pacific Rim Uprising“, „I Kill Giants“ и многу други

филм
Фото: Universal Studios

Најсмешните шеги во филмовите секогаш доаѓаат неочекувано, во средината на драмата. Ова ќе ви се случи кога ќе го погледнете „Phantom Thread“, најновиот филм на Томас Андерсон во кој Даниел Деј-Луис има неверојатна изведба.

Освен трејлерот на овој филм, погледнете ги и другите нови трејлери за оваа недела.

„Pacific Rim Uprising“



Трејлерот еволуира на прекрасен начин. На почетокот е смирен, а до крајот ви го прикажува сето она што е најдобро од филмот.

„Seven seconds“



„Нетфликс“ започнува со прикажување на нова серија на крими-антологија, а првата сезона почнува со интересна тема: смртта на тинејџер црнец предизвикана од рацете на полицаец белец.

„The Cured“




Малку различен пристап на зомби-филм: наместо да раскажува за пандемијата, раскажува за тоа што доаѓа откако ќе се пронајде лекот.

„I Kill Giants“



Адаптација на сериите на „Имиџ Комикс“ за тинејџерка што лови џинови. Изгледа како забавна, магична авантура, но има пресврт - не знаеме колку од авантурите се реални, а колку се измислени од херојот на филмот.

„Coach Snoop“



Снуп Дог во 2005 започна младинска фудбалска лига; до 2016 година лигата се прошири на 1.500 играчи во Јужна Калифорнија. Новата серија следи мала група од овие играчи што се тренирани од самиот Снуп.

„The Trader“



„Нетфликс“ подготви одличен краток документарец за човек кој вози автобус низ руралните области на Џорџија.

„Andre The Giant“




Ејч-би-о нуди одличен документарен филм за успешната кариера и борбата на Андре Џинот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура