X
 14.10.2018 Култура

На почетокот на кариерата: Бред Пит глумел син на Милена Дравиќ

- Се сеќавам дека јас, како негова мајка, во филмот имав психички проблем. Со него тогаш глумеше уште една американска актерка, но таа подоцна не постигна ништо во светот на филмот, додека тој симпатичен дечко стана ѕвезда на Холивуд - раскажала пред неколку години Милена Дравиќ.

Актерката почина во 79-та година, а малку е познато дека денес славниот Бред Пит токму со неа ја започнал својата актерска кариера.

-Го избрав на кастингот во „Метро Голдвин Мајер“ од 400 пријавени кандидати. Во најтесниот избор беа тројца актери и тогаш немав дилема дали да му ја дадам улогата. Кога му реков дека е избран, истрча до тревникот и започна да скока од среќа. На почетокот на 90-тите, дојде да ме посети во Белград - вели режисерот Божидар Николиќ кој му ја дал првата улога на Бред Пит.

Бред во филмот „Темната страна на сонцето“, снимен во 1988 година во Југославија, глумел млад Американец, син на ликот што го глумела Милена Дравиќ, чие семејство отпатувало на Јадранот во потрага по лек против ретка кожна болест.

Николиќ вели дека го однел Бред Пит на натпревар на кој воодушевено гласно навивал за Ѕвезда. Тоа го потврди и неговата ќерка Јована, која Бред ја нарекувал „мајмунче“. Таа пред неколку години изјави дека актерот си играл со неа кога била многу мала и дека Бред одел со нејзиниот татко насекаде, па дури и на натпревар на Црвена Ѕвезда. Николиќ не го изненадува тоа што луѓето не ја паметат оваа улога на Бред Пит. -Нормално дека луѓето тогаш не го препознаваа, бидејќи тогаш не беше ѕвезда каква што е денес.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура