Целата еуфорија околу подготовките на венчавката знае да биде и заморна и бесконечна, но откако ќе помине церемонијата, се забораваат сите проблеми околу канењето на гостите, пронаоѓањето соодветен ресторан, изборот на музиката...
На оваа тема е спроведено едно необично истражување кое се однесува на најпопуларниот ден за венчавка во 2018 година. Отсекогаш јуни и септември биле најчесто избирани датуми за свадба, но очигледно трендовите се менуваат. Сега тоа е октомври. Конкретно, 20 октомври.
Изборот на самиот крај на месецот октомври за стапување во брак навистина е благо изненадување: треба да се издвојат значителни средства за прославата, а само што поминало летувањето, почетокот на новата училишна година и сите други вообичаени активности за овој период. Сепак, резултатите од истражувањето потврдуваат дека и покрај сè, младите преферираат своето судбоносно „да“ да го направат токму на крајот од октомври.
Истражувањето спроведено од страна на популарната страница за организирање венчавки „
Зола“ тврди дека тоа е така, но, се разбира, доколку се чувствувате подготвени да „стапнете на лудиот камен“, изборот на датум за вака значаен чекор во вашиот живот зависи само од вас.