Со 60 отсто удели на пазарот, „Хром“ убедливо ја држи титулата првак, додека споменатиот „Мајкрософт Еџ“ има дури 5 отсто учество на пазарот, иако 91 отсто од компјутерите користат ОС „Виндоус“.
Иако
StatCounter наведува дека „Гугл Хром“ има 53,91 отсто од уделите на пазарот, а
NetMarketShare тврди дека тој дел изнесува 59,49 проценти, сосема е јасно дека „Гугл Хром“ е омилениот пребарувач на најголемиот број корисници на интернет во светот.
Според наводите на
NetMarketShare, популарноста на „Мајкрософт Еџ“ во 2016 година пораснала само за 0,5 отсто, пренесува порталот
hothardware.com.
„Хром“ единствено не доминира во областа на таблет-сметачите – според податоците на
StatCounter, омилениот пребарувач на овие уреди е „Сафари“ на „Епл“ со 59,2 отсто пазарен удел, додека процентот за „Хром“ изнесува скромни 24,37 отсто.
Според
StatCounter, „Сафари“ исто така се наоѓа на второто место по вкупниот пазарен удел со 14,41 отсто од глобалниот удел, но од
NetMarketShare истакнуваат дека таа позиција сепак му припаѓа на „Интернет Експлорер“ (16,84 %).
Овие несогласувања би можеле да бидат резултат на фактот што
StatCounter се осврнува на податоците собрани од 2,5 милиони интернет-страници на светот, додека
NetMarketShare евалуира само 20.000.