X
 31.01.2018 Живот

Откријте какви личности се вашите колеги преку ова едноставно прашање

rabota

Неодамна сте почнале да работите на ново работно место и се обидувате да дознаете нешто повеќе за карактерот на вашите колеги. Знаете дека да се има пријатели на работното место е од клучно значење за вашата среќа и продуктивност. Но како да направите разлика помеѓу оние што ви се пријатели и оние што не ви се? Според истражување од 2010 година, треба да ги прашате што мислат за другите колеги.

Истражување од професорот по психологија на Универзитетот „Вејк Форест“ и коавтор на истражувањето, Дастин Вуд, открива дека вашата личност и генералната среќа имаат малку врска со чувствата за себе и повеќе врска со вашата перцепција за другите. Со други зборови, луѓето имаат тенденција да ги видат нивните сопствени особини кај другите луѓе. Ако вашиот нов колега на работа има само убави зборови за својот тим, тогаш веројатно станува збор за добра, емоционално стабилна личност задоволна од животот.

Од друга страна, пак, доколку вашиот колега има тенденција да ги гледа луѓето само негативно, тогаш тоа укажува дека тој е склон кон депресија и уште неколку други нарушувања на личност. Дури и ако вашиот шеф е вистински психопат, ако зборувате лошо за него, тогаш голема е веројатноста да имате нарцисоидни и антисоцијални особини.

Но како да го обликувате ова прашање за да откриете какви се вашите колеги? Може да се обидете со: „Дали ви се допаѓа да работите со овие личности тука?“ Ако одговорот е позитивен, едноставно имате нов пријател.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот