X
 08.05.2024 Наука

Овие пет особини ги наследуваме од нашите родители

Од што зависи кои особини ќе преовладуваат во нашиот синџир на ДНК и дали можеме да ги промениме, е прашање кое долго време ги мачи генетичарите.

Иако научниците сè уште не можат да дадат јасен одговор на прашањето што има најголемо влијание врз карактерот на луѓето - околината, гените или воспитувањето, многу истражувања покажаа дека го наследуваме не само изгледот, туку и некои спомени, како што се, на пример, фобиите. Покрај фобиите, постојат и некои други особини кои ги наследуваме од нашите предци и е невозможно да ги промениме.

Подложноста на стрес

Некои луѓе се поподложни на стрес, а оваа особина се пренесува од родителите на децата. Експертите тврдат дека ако мајката била изложена на стрес за време на бременоста, нејзиното дете ќе биде поподложно на стрес во животот. Освен тоа, ако родителите биле под стрес долго пред да имаат дете, постои ризик хроничниот стрес да ги оштети хромозомите.

Склоноста кон зависност

Гените и наследните особини се одговорни за развој на зависност од 40 до 60 отсто. На пример, врската помеѓу зависноста и генот Д2 е детално проучена. Д2 е вид допамински рецептор. Луѓето кај кои овие рецептори не работат добро се посклони да земаат супстанции што предизвикуваат зависност.

Фобиите


Пренесувањето на фобиите преку ДНК е докажано со истражување во кое глувците биле обучени да ги избегнуваат сите мириси слични на мирисот на цветот на црешата. Ова влијаело врз ДНК на субјектите, така што делот од ДНК одговорен за чувствителноста на овој мирис бил поактивен во сперматозоидите на мажјаците.

Како резултат на тоа, децата и внуците биле многу чувствителни на мирисот на цреша и го избегнувале, иако немале вистинска причина за тоа. Научниците веруваат дека резултатите од ова истражување се важни за истражување на фобиите, анксиозноста и посттрауматското нарушување. Можеби вашиот страв од пајаци или височини не е толку ирационален како што изгледа.

Екстровертноста


Некои карактерни црти ги стекнуваме со годините, а некои се веќе запишани во нашата ДНК. На пример, гените WSCD2 и PCDH15 се поврзани со екстровертност, што може да отвори многу врати за успех. Затоа, можеби причината што сте толку социјални и комуникативни лежи во вашите предци, а не во тоа што вашите родители ве запишале на сите можни воннаставни активности.

Смислата за хумор

Некои луѓе веруваат дека смислата за хумор е научена особина која зависи од средината во која личноста расте. Но, во текот на истражувањето било откриено дека луѓето со кратки алели на генот 5-HTTLPR покажале позитивни реакции и почесто се смешкале. Резултатите од истражувањето биле потврдени кога биле земени предвид возраста, полот, етничката припадност и симптомите на депресија.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука