Истражувачите направиле список од професии што ќе бидат најбарани до 2030 година.
Наставници
Според истражувањето на глобалниот институт Мекинзи, до 2030 година, професиите што вклучуваат човечка интеракција, како учители и наставници ќе бидат во побарувачка, додека работата што бара процесирање на податоци ќе биде во пад. Причината е роботизацијата, односно роботите ќе заменат многу досегашни професии.
Менаџери
Вештините како што се управување со тимови стануваат сè повеќе барани, особено кога за нив се бараат одредени квалификации и вештини. Имајте го тоа во предвид кога следниот пат ќе го средувате вашето резиме - добро би било да истакнете неколку лидерски вештини.
Старетел на постари лца
До 2030 година ќе има најмалку 300 милиони луѓе постари од 65 години. Доколку повеќе луѓе не започнат да се интересираат за оваа професија, би можело да има недостаток од старатели за постарите лица.
ИТ консултант
Дали сте слуншале дека роботите ќе ги преземат нашите професии? Затоа би било добро да се определите за технологија, бидејќи во иднина ќе се појават 20 до 50 милиони нови работни места во областа на информатичката технологија.
Експерт за животна средина
Оваа гранка на науката ќе биде во пораст во светот, а познато е дека научниците кои развиле растение што го впива CO2 oд атмосферата и се бори против климатските промени освоија три милиони долари за научни
достигнувања. За 15 години оваа област би можела да доведе до 10 милиони нови работни места.