Просечната годишна бруто-плата во Германија изнесува 51.000 евра, но во некои професии може да се заработи тројно повеќе, пишува медиумот „Феникс магазин“ повикувајќи се на податоци од анализа на порталот „Гехалт“.
Анализата покажала кои професии се најдобро платени во Германија според податоци од 2021 година. Не изненадува дека најплатени се лекарите. Така, просечната плата на лекарите во Германија изнесувала 78.317 евра минатата година.
На второто место е одговорно лице за продажба со просечна годишна плата од 62.379 евра, а трета најплатена професија била консултант за управување, со годишна плата од 62.119 евра.
Анализата покажала и дека вработените со менаџерска одговорност заработуваат повеќе, односно нивната просечна годишна плата во бруто-износ била 86.300 евра минатата година.
Доколку се погледнат просечните плати на специфичните работни позиции, на врвот се наоѓаат директорите за односи со јавност со годишна плата од 145.600 евра. Следуваат главниот финансиски директор со 143.500 евра и директор на продажба со 125.300 евра.
Извор:
Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay