Дали се наоѓате во фаза на животот кадешто работата со скратено работно време за вас е најдобрата опција? Можеби сте завршиле факултет и не можете да пронајдете постојана работа во областа која сте ја избрале, или започнувате семејство и балансирате помеѓу обврските околу децата и кариерата. Или пак, можеби барате работа која ќе ви остава простор за уживање во текот на неделата.
Без разлика на вашите причини, вистински предизвик е да се пронајде работа со скратено работно време која ќе ви биде доволно платена за воопшто да вложите некаков напор. За да ви помогне, веб страната CareerCast.com, направи листа на најдобро платени работни места со скратено работно време.
1. Сметководител - Ако имате диплома за економија, тогаш работата со скратено работно време како сметководител е често достапна. Сметководителите се во голема сезонска побарувачка, но исто така компаниите ги бараат за да ги пополнат работните места во текот на летото или пак големите компании бараат привремени работници.
2. Компјутерски програмер - Компјутерската стручност често пати се бара во многу компании и големи корпорации, а е прилично добро платена, такашто доколку имате диплома по програмерство или нешто слично, не се плашете да побарате работа со скратено работно време бидејќи нудат добри плати.
3. Шофер - Шофер на камион е професија која очекува зголемување на платата за 5%, а шоферите се барани скоро од секоја компанија која се занимава со увоз/извоз на добра.
4. Графички дизајнер - Помеѓу печатените и електронските медиуми, потребата за добар графички дизајнер, значително се зголемува. Се очекува зголемување на побарувачката на графички дизајнери за дури 19% до 2022 година.
5. Аналитичар за истражување на пазарот - Ова е доста тешка работа и често пати бара целосно работно време, меѓутоа вреди да се потрудите да побарате бидејќи побарувачката за оваа професија наскоро ќе се зголеми за 32%.
6. Консултант за менаџмент и аналитичар на менаџмент - Ако имате доволно искуство и сте се докажале добри во управување, тогаш дефинитивно можете да им помогнете на компаниите да го решат нивниот проблем со менаџирањето.
7. Администратор на мрежи и системи - Ажурирање и надградба на мрежните компјутерски системи и справување со пристапот до интернетот како и безбедносните прашања - токму ова на компаниите речиси секогаш им недостига, а за ваква помош е потребна квалификувана личност.
8. Уредник - Побарувачката на овие работници ќе се зголеми за 2%, а врз основа на она што го гледаме од многу веб страни и весници, дури и оние почитуваните, уредниците треба да бидат уште повеќе барани. Такашто, ако имате око за правилна граматика и ако имате љубов кон јазикот, тогаш оваа професија е совршена за вас.
9. Писател - И нормално, писателите генерално работат самите за себе, покривајќи од блогови до филмски скрипти па и технички документи. Се очекува побарувачката за овие работници да се зголеми за 3% до 2022 година.
Немојте да мислите дека скратеното работно време е лесно. Мора да бидете дисциплинирани со вашето време и ресурси и правилно да ја закажете работата и да управувате со роковите. Може вашето слободно време да не одговара на изборот.