X
 22.08.2016 Наука

Зошто узото се замаглува при контакт со вода?

Узото, жестокиот пијалок на Грција и Кипар со вкус на анасон, има многу чуден ефект, секако, освен создавање на особено тежок мамурлак.

Ако ставите вода во оваа проѕирна течност, таа мистериозно ќе стане облачно бела. Нова студија објавена во Записите на Националната Научна Академија ја испитувала физиката зад овој чуден ефект на узото, задоволувајќи ја љубопитноста на пијачите низ светот.

Се е поврзано со маслото од анасонот. Ова масло се користи во многу ликери, аперитиви и жестоки пијалоци за да се добие тој анасонски или сладникав вкус. Поради тоа и ефектот на узото може да биде виден во многу пијалоци како абсинт, самбука и пастис. Растворливоста на маслото во узото варира зависно од процентуалниот сооднос на вода и алкохол. Ако додадете повеќе вода во мешавината, оваа растворливост на маслото се намалува. Ова предиззвикува маслото да формира нано-капки во течноста, кои се соединуваат за се создадат поголеми капки, а со тоа да се растера светлината која влегува во течноста, со што го дава тој замаглен изглед.

Холандски истражувачи го испитувале ова со поставување на капка узо на хидрофобична површина. Капкавата првично останува чиста и провидна, но на крај алкохолот почнува да испарува, менувајќи го соодносот на водата и алкохолот. Поголем дел од овој алкохол испарува на надворешните агли на капката, што значи дека работ прв станува замаглен.

Потоа настанува бура во капката и се случува процес на брзо движење. Разликите во површинскиот притисок предизвикуваат релативно високо ниво на струење – едноставно, има движење во капката – низ процес познат како Марангони ефект. Ефектот на узото што е на работ потоа почнува да се движи навнатре во останатиод дел од капката како што испарувањето и движењето продолжуваат. На крајот, сиот алкохол испарува и течноста се враќа во провидната состојба. Сиот процес трае помалку од 15 минути на собна температура во една капка узо. Сепак, сѐ е забрзано на видеото подолу.

Следниот пат кога ќе испиете неколку уза, одвојте време за комплексната физика што се случува во чашата.

Подготвил: Марта Димитров
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука