X
 04.05.2018 Технологија

„Мајкрософт“ сака свет без лозинки

„Мајкрософт“ сака да им овозможи на корисниците да не користат лозинки во секојдневниот живот, барем не за пристап до услугите на оваа компанија.

„Никој не ги сака лозинките. Не се практични и не се многу сигурни. Толку не ги сакаме, што се обидуваме да создадеме свет без нив - свет без лозинка“, пишува Карнабир Синг, менаџер задолжен за безбедност, на официјалниот блог на „Мајкрософт“.

компјутер
Фото: AFP

Во оваа компанија корисниците сакаат да овозможат повеќе да не користиме лозинки, барем не за пристап до услугите на оваа компанија.

Решението за таков свет без лозинка го гледаат во користење повеќекратни автентикации и биометрика, односно употреба на физички клучеви и препознавање на отпечатоци од прсти и лице за логирање на уредите. Освен што пријавата на ваков начин ќе биде побрза, таа ќе биде уште побезбедна бидејќи хакерите и криминалците нема да можат да пристапат до профилите.

Како пример за најавување на компјутерите, користејќи ја биометриката „Синг“, спомената е „Виндоус Хелоу“, што денес ја користат 47 милиони корисници и повеќе од 5.000 компании.

Исто така, уште еден начин за најавување на компјутерите без внесување на лозинката е со користење на апликацијата на „Мајкрософт“ за мобилни уреди наречена „Аутентикејтор“. Со оваа апликација потребно е да се пријавите со користење на податоците за профилот на „Мајкрософт“, кога корисниците сакаат да се пријават на својот компјутер од „Виндоус 10“, ќе добијат известување на нивниот паметен телефон. Потоа треба да го стават прстот на сензорот за отпечатоци на телефонот, а со тоа ќе се одобри пристапот до вашиот компјутер.



Секако, во случај на ваквиот тип најавување потребно е да го имате вашиот паметен телефон и да ја преземете апликацијата што ќе ви даде дозвола.

Исто така, уште еден од начините за пријавување без лозинка е користењето посебен безбедносен клуч (во форма на класично УСБ) на кој ќе се наоѓа сензор за отпечатоци на прстите.

Со ваквиот клуч корисниците ќе можат да се најават не само на своите компјутери туку и на другите компјутери со „Виндоус 10“ - ќе биде потребно само да се стави УСБ, да се постави прстот на сензорот и на тој начин, без лозинка, да се најавите на компјутерот со вашите податоци.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија