Технолошките експерти велат дека никогаш не треба да го полните телефонот преку ноќ ако сакате да го продолжите животниот век на батеријата.
- На повеќето паметни телефони од новата генерација им требаат помеѓу 30 минути и два часа за целосно полнење - вели Ритеш Чуг, вонреден професор по информатичка и комуникациска технологија на Универзитетот „Ес-кју“ во Австралија.
- Затоа, полнењето на телефонот преку ноќ не само што е непотребно, туку и го забрзува стареењето на батеријата - објаснува и додава дека ова се случува затоа што литиум-јонските батерии што ги напојуваат модерните паметни телефони хемиски се распаѓаат како резултат на шемите на полнење, температурните флуктуации и количината на употреба на уредот.
Во случај на полнење преку ноќ, тоа би значело дека вашата батерија добива „засилување“ што е четирипати подолго отколку што е потребно. Освен што не е одличен од безбедносна гледна точка (иако добрата вест е што повеќето уреди автоматски престануваат да се полнат кога нивната батерија ќе достигне 100 отсто за да се спречи прегревање), проблемот е тоа што апликациите работат во заднина цела ноќ, па батеријата на уредот неизбежно паѓа на 99 отсто.
Секогаш кога ќе се случи тоа, полнењето повторно почнува.
- Постепеното полнење може да ја истроши батеријата со текот на времето. Затоа, многу производители имаат функции за нејзино регулирање. Епл-уредите нудат функција за одложување на полнењето кога батеријата ќе достигне 80 отсто. „Самсунг галакси“ даваат можност за ограничување на 85 отсто - вели Чуг.
Друга работа особено штетна за животниот век на литиум-јонските батерии е кога целосно ќе го испразните вашиот телефон.
- Наместо тоа, гледајте телефонот да е од 20 до 80 отсто - објаснува Чуг.
Извор:
Index.hr
Фото: Freepik