X
 08.02.2018 Технологија

Биткоин-загатка вредна 50.000 долари конечно решена, по три години

биткоин
Фото: Twitter

Мистериозен код вметнат во слика што давал пристап до онлајн-паричник во кој имало биткоини вредни речиси 50.000 долари конечно е решен, по три години. Парите биле отстранети од паричникот минатата недела.

Уметничкото дело првпат било објавено онлајн на почетокот на 2015 година, а кодексот внатре откривал приватен клуч што на откривачот му овозможувал пристап до паричникот полн со биткоини.

Корисникот @coin_artist  соработувал со Маерс за да го откодира клучот во уметничкото дело. За да го добијат приватниот клуч од загатката, играчите морале да комбинираат и да извлечат две парчиња податоци од самата слика.

Овие податоци биле скриени во пламенот што се наоѓа на рабовите, а податоците околу клучот во долниот десен агол.

30-годишен програмер конечно ја решил загатката. Тој слушнал за загатката пред повеќе од еден месец, а ја пронашол бидејќи тој и неговата сопруга уживале во решавање загатки, така што намерно барал загатки поврзани со криптовалути.

Процесот на решавање на загатката бил поддржан од @coin_artist. Тој споделил скриншот слики од неговите разговори со другите играчи на загатки. За да докаже дека ги контролирал парите, потпишал порака на адресата на паричникот.

Зошто било потребно толку долго време за да се реши загатката?


Консултантите за криптографија велат дека не ги изненадува долгиот период. „Загатките како оваа не се нешто што може да се реши за брзо време - тие се вистински загатки за мозокот“, изјави Питер Тод, консултант за криптографија.

Загатката вредна 50.000 долари кодирала серии на нули и единици во редови пламени насликани околу работ на платното.

Друг дел од кодот бил претставен со шест ленти во долниот десен агол. Решавачот на загатките ги претворил нулите и единиците во биткоин приватен клуч со помош на едноставна компјутерска програма, откако сите овие кодови биле разработени и заедно поврзани.

Првиот пристап на програмерот бил да бара симболи од „Алиса во Земјата на чудата“ бидејќи некои аспекти од сложувалката го потсетувале на познатата приказна на Луис Керол.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија