Eден од најважните делови во работата на наставникот е да ги подготви своите ученици за реалниот свет. Бидејќи не може да ги носи на посети низ разни области и институции, наставникот може да им овозможи сличен пристап преку виртуелен медиум.
Токму тука стапуваат на сцена социјалните медиуми. Повеќето ученици веќе имаат афинитети кон
социјалните медиуми - воведувањето во училницата на учениците им овозможува да се поврзат и да пронајдат информации важни за нивната наставна програма. Дополнително на тоа, може да биде навистина забавно.
Ова се неколку начини на кои можат да се искористат социјалните медиуми во самите училници:
1. Пишување на блогови
Доколку учениците имаат публика која би можела да го чита она што тие го пишуваат, тогаш со тоа тие ќе бидат охрабрени да дадат се` од себе. Ако тие знаат дека нивното дело ќе биде прегледано од стотици луѓе, тогаш тие ќе имаат мотивација да го направат колку што можат подобро.
Наместо вообичаените задачи и состави, учениците можат да имаат блог за одредена тема. Со тоа, тие можат да читаат и да коментираат на блоговите на нивните соученици и да обезбедат конструктивна повратна информација.
2. Наплив на идеи со „Pinterest“
Успешната соработка и компромисот се коренот на една успешен проект на една група. Понекогаш учениците се соочуваат со големи пречки во комуникацијата поради нивните уникатни визии, а тоа значи дека најголемиот дел од соработката не функционира како што треба. Кога наставниците доделуваат проект на една група, тие можат да ги поттикнат учениците да го искористат „Pinterest“ за да добијат идеја.
3. „Skype“ низ светот
Бидејќи посетата на одредена локација (како што е друга држава) не е секогаш достапна и можна, локацијата секогаш може да се донесе во училницата преку „Skype“. Преку видео разговор учениците можат да зборуваат со други ученици од различни делови во светот. Некои едукативни дестинации може да обезбедат лекции или тури преку „Skype“, со што на учениците им е овозможено да искусат култура во реално време полна со интерактивност.
4. Поврзување на учениците преку „Facebook“
Разменување домашни задачи, белешки од наставата, објаснување на наставниот материјал и многу други прашања кои учениците ги имаат - сето ова може да го разменуваат во групна порака на оваа социјална мрежа. Секако, наставникот треба да постави правила што е, а што не е дозволено во групата и секако, само тој/таа може да а моделира. Со тоа учениците ќе можат да си помогнат едни со други и да изградат вредни општествени и тимски вештини.
5. Создавање на „Class Wiki“
Сите учениците се запознаени со „Wikipedia“ и веројатно ја имаат користено оваа веб страна доста често. „Wikipedia“ е одлична алатка за пронаоѓање на сеопфатни информации за одредена тема, такашто ова е одлична можност за искористување на оваа веб страна како училишна алатка - може да се создаде „Class WIki“ и со тоа лекции за кои учениците ќе пишуваат статии.
Социјалните медиуми и учењето се вклопуваат подобро отколку што може да се замисли. Користењето на социјалните медиуми во училницата создава иновативен, забавен начин за студентите да работат заедно.