X
 21.04.2023 Технологија

„Епл“ наскоро ќе претстави очила за виртуелна реалност

Американската технолошка компанија „Епл“ ќе претстави нови очила на настан закажан за 5 јуни. Според светските медиуми, станува збор за очила за виртуелна и аугментирана реалност кои ќе може да се користат при употреба на основните апликации на уредите на „Епл“.

Се очекува сите апликации што се наоѓаат на сите ајфони да имаат специјална апликација за очилата. Тука се апликациите за читање, календар, камера, комуникација, филмови, електронска пошта, белешки, фотографии, музика, вести, прелистувач, телевизија и време.

Некои апликации ќе бидат ажурирани за да може да се подобри нивното користење во виртуелна реалност. Меѓу другото, апликацијата „Фејс тајм“ ќе може да создава дигитални аватари од корисници во виртуелна просторија. Апликацијата за фитнес ќе овозможува гледање на инструктор во виртуелна реалност, додека апликацијата за медитација ќе вклучува смирувачки сцени и звуци.

Корисниците ќе може да вклучат повеќе апликации истовремено на очилата, кои ќе помнат каде се наоѓа корисникот додека ги користи.

Извор: Mac world
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија