X
 09.02.2018 Здравје

Зошто нашите предци немале алергии на храна, за разлика од нас?


Знак: Забрането конзумирање пченица
(Фото: Pixabay)


Дале некогаш сте се прашале зошто нашите баби и дедовци немале алергии на храна? Или барем, таа појава не била толку честа како денес?

Алергиите на храна се во континуиран пораст, отежнувајќи им ги животите на оние кои страдаат од нив. Освен тоа, тие значат и дополнителни трошења од здравствениот буџет, на товар на нашите џебови. Но тука, пред сè, станува збор за физичките последици од алергиите на храна по пациент, како и причините кои ги предизвикуваат. „На секои три минути во службите за итна медицинска помош се јавува по еден пациент поради реакција на нешто што јадел или пиел, а тоа значи повеќе од 200.000 посети на годишно ниво“ – се наведува во статистичките податоци што ги објави Центарот за контрола и превенција на болести за 2013 година.

Алергиите на храна кај децата пораснале за 50% меѓу 1997 и 2011 година.

Доктор Џозеф Меркола, водач на истражувачкиот тим на овој проект, истакнува дека алергијата на млеко е на прво место по зачестеност во САД. Тој смета дека причината за тоа е во хормонот за раст кој се става во вештачките млека за доенчињата, како и претераната употреба на антибиотици во земјоделството и сточарството, која почнала од 90-тите години од минатиот век.

Дали постои нешто во нашата храна што не постоело претходно?

Апсолутно! Преработената храна придонесува за развојот на алергиите, на повеќе различни нивоа. Повеќето обработени продукти содржат бои, ароми засилувачи на вкусот, конзерванси и адитиви кои имаат пресудно значење. Сепак, при тестирањето ниту еден пациент не покажал реакција на одредена, поединечна компонента на преработената храна. Тоа значи дека никој не е алергичен само на бојата или на некој емулгатор. Ова долго време ги збунувало научниците, сè додека на почнале со алерго-тестови на комбинација од додатоци кои се користат во прехранбената индустрија. Резултатот што го добиле бил шокантен. Додатоците во прав кои се користат за да ја зголемат нутритивната вредност на производите, речиси без исклучок се главните предизвикувачи на алергиските реакции. Во зависност од комбинацијата на додатоци, се развива и типска реакција (на млеко, глутен и слично).

Еден од првите продукти кој поминал низ ваква промена и добил нутритивни додатоци во вид на мешавина од прашоци е млекото. Од 1994 година, млечната индустрија почнала да користи генетски модифициран хормон на раст rBGH (говедски хормон на раст) со цел да се зголеми количината на млеко што ја дава едно грло. Тоа резултирало со помала отпорност на стоката кон некои болести. За да го спречат губењето на сточниот фонд, тие почнале да користат поголема количина антибиотици... И тука почнува да се одмотува спиралата на развојот на интолеранцијата на храна.

Значи, зошто нашите предци немале алергии на храна?

Затоа што јаделе непреработена храна без конзерванси. Оброците доаѓале директно од градините или фармите. Бебињата биле природно доени или хранети со свежо кравјо или козјо млеко. Во тоа време не се зборувало за диети. Домашната пилешка чорба се користела при многу заболувања.

Нашите баби и дедовци повеќето време го поминувале надвор, на отворено. Конзумирале шумски јагоди, капини, непрскани јаболка. Речиси и да не посетувале лекари. Кога ќе добиеле треска, се лекувале со народни лекови. Се мачкале со ракија. Кога ги болел стомакот, јаделе само супи и чорби. И пиеле чаеви. Нивната храна била нивниот лек.

Исхраната и начинот на живеење имаат значително влијание врз нашето тело. На секоја клетка од нашиот организам ѝ треба правилна исхрана за да може правилно да функционира. Лошата исхрана го загрозува интегритетот на секоја клетка, со што се создава чувствителност на одреден вид храна. Се чини дека алергиите на храна можат да бидат непредвидлив нуспроизвод на многу фактори од животната средина со кои не се соочувале нашите предци. Со ова темпо, неопходно е да се прашаме како треба да изгледа иднината на човековата исхрана. Затоа што од таа иднина ќе зависи и нашата иднина.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје