Човекот доживува различни видови емоции, од среќа до тага, од екстремна радост, па сè до депресија. Секоја емоција има поинакво влијание врз телото.
Во телото се ослободуваат различни хемиски соединенија кога некои работи различно ги доживуваме. На пример, ако вашиот мозок ослободува серотонин, допамин или окситоцин, ќе се чувствувате добро и среќно. Ако вашето тело ослободува кортизол, хормон на стресот, ќе се чувствувате сосема различно.
Што се случува во телото кога постојано негативно размислуваме? Или кога постојано размислуваме позитивно? Или кога не сме се определиле ниту за позитивно ниту за негативно размислување?
Позитивно наспроти негативно
Постои ли дуалност во нашиот свет? Можеби ќе речете дека постои во определена мера, но поголемиот дел од времето го поминуваме дефинирајќи и проценувајќи што е позитивно, а што негативно.
Мозокот е многу моќна алатка и нашата замисла за тоа какви треба да бидат нештата многу често се одразува и во животот. Истите искуства, различни лица различно ги доживуваат – некои како позитивни, а некои како негативни. Дали искуствата се преддефинирани како позитивни или негативни? Или ние сме тие што ги дефинираат?
Променете ја перцепцијата
Откако на момент ќе размислите, ќе сфатите дека всушност не постојат позитивни и негативни искуства, туку ние самите ги дефинираме како такви. Од нашата перцепција за искуствата и ситуациите зависи како ќе се чувствуваме и како ќе реагираат нашите тела.
Поврзаност меѓу телото и умот
Поврзаноста меѓу телото и умот е многу силна, без оглед што не е видлива. Умот има големо влијание врз телото. Можеме да заземеме позитивен став и да усвоиме здрави животни навики, или можеме да бидеме негативни, да не се соочуваме со внатрешните проблеми, да ги замаскираме внатрешните проблеми со лажна позитивност и афирмации, можеме да бидеме и деструктивни и да усвоиме нездрави животни навики.
Нашите емоции и искуства се неопходна енергија и тие се складираат во меморијата на клетките на телото. Дали некогаш сте доживеале нешто што оставило емоционална трага и болка во одреден дел од телото? Веројатно сè уште чувствувате дека нешто се случува во тој дел од телото? Тоа е така поради енергијата што се задржала откако сте го поминале таквото искуство.
Можни причини за болки во некои делови од телото
Врат – одбивање да ја согледате ситуацијата од различни перспективи. Тврдоглавост и недостиг на флексибилност.
Рамена – претставуваат способност нашите искуства да ги носиме низ целиот живот. Со својот став, сопствениот живот сте го претвориле во ваш товар.
Карлица – претставува потпора во животот. Болките во горниот дел од карлицата означуваат недостиг на емоционална поддршка, чувство дека не сте сакани, задржување на љубовта. Болките во средниот дел од карлицата означуваат вина, живеење во минатото. Болките во долниот дел означуваат недостиг на финансиска поддршка и грижа околу парите.
Лакот – претставува менување на насоките и прифаќање нови искуства.
Зглобови – претставуваат движење и удобност.
Колкови – претставуваат страв од носење важни одлуки.
Колена – претставуваат тврдоглавост и силно его. Неспособност за приспособување. Страв. Нефлексибилност и желба за откажување.
Глуждови – нефлексибилност и чувство на вина. Претставуваат и способност за примање задоволства.
Ножен палец – недостиг на задоволство во доживувањето нови искуства.
Кога чувствувате болка, притисок или повреда на определен дел од телото, тоа честопати е поврзано со вашата емоционална состојба. На прв поглед можеби ќе ви изгледа дека тоа не може да биде вистина затоа што честопати не сме во допир со самите себе, и нашите емоции се менуваат од секунда во секунда. Но, во повеќето случаи тоа е вистина.
Кога ќе се разболите и ќе чувствувате напнатост и болки, тоа значи дека телото се обидува да ви каже да обратите внимание на своите активности и да пронајдете мир со себеси. Сето ова е процес на учење и напредок.
Вие имате моќ!
Научникот Давис Сузуки собирал молекули од здивот при изговорување зборови кои изразуваат лутина, омраза и љубомора. Тие молекули содржеле токсини. Откако по еден час се акумулирале, тие токсини биле доволни да усмртат дури 80 експериментални глувци. Можете ли сега да замислите колкава штета му правите на вашето тело кога размислувате негативно или кога дозволувате вашите емоционални искуства да поминат низ вашето тело без да ги анализирате и разберете.
Запомнете дека вие ја имате целата моќ што ви е потребна за успешно да се носите со сè во животот. Наместо да ги дефинирате искуствата како позитивни и негативни, согледајте ја пошироката слика. Запрашајте се како тоа искуство може да ви помогне нешто да научите? Дали можете да ја промените вашата перцепција? Дали можете да ги исчистите вашите емоции? Да ги сфатите и прифатите? Без оглед за што се работи, наместо да реагирате, забавете и набљудувајте. Ќе сфатите дека имате доволно сила да ги процесирате тие емоции и да разберете зошто ви се случиле.
Ако останете
негативни, често ќе бидете болни, верувајќи дека болката е надвор од вашата контрола. Така ќе продолжите сè до моментот кога ќе сфатите колку всушност имате контрола над сè што се случува во вашето тело.