X
 10.02.2018 Технологија

Нов вид дрво силно како челик

1
Фото: Unsplash

Научниците развиле нов вид „супердрво“ што е 10 пати посилно и поцврсто од нормалното дрво - оваа иновација потенцијално би можела да биде природна и евтина замена за челикот и други материјали.

Клучот за суперсилата на новото дрво е специјален хемиски третман проследен со загреан процес на компресија. Хемиските врски што се произведуваат го прават дрвото доволно силно за еден ден да може да се користи во зградите и возилата.

„Овој нов начин го прави дрвото 12 пати посилно отколку природното дрво и 10 пати поиздржливо. Ова може да биде конкурент на челикот, па дури и на легури на титаниумот. Може да се спореди со јаглеродните влакна, меѓутоа, е многу поевтин“, вели истражувачот Лиангбинг Ху од Универзитетот во Мериленд.

Новиот процес што се користи има два чекора. Прво, природното дрво се вари во мешавина од натриум хидроксид и натриум сулфит. Потоа дрвото поминува низ фаза на компресија за да ги сруши ѕидовите помеѓу одделни ќелии. Се додава топлина за поттикнување нови хемиски врски додека дрвото продолжува да се компресира.

Овие процеси се во состојба да отстранат одредени полимери за на новото дрво да му овозможат да се реформира, истовремено држејќи ги другите полимери што се од суштинско значење за силата на дрвото. Зајакнувањето на крајот доаѓа од голем број атоми на водород што се врзуваат за нанофибер од целулоза.

drvo
Фото: University of Maryland

Хемиските реакции се многу сложени, но самата постапка е всушност прилично едноставна и евтина и е ветувачка опција за замена на челик, легури на титаниум и други материјали во одредени ситуации.

Се покажа дека процесот работи на неколку различни видови дрво. Завршното супердрво е силно и тешко, отпорно на компресија, отпорно на гребење и заштитено од влага.

Еден од следните чекори е да се прошири и забрза процесот на производство на ова ново дрво - иако истражувачите велат дека тоа не треба да претставува многу голем проблем.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија