X
 03.02.2016 Технологија

Во Амстердам отворен првиот хотел посветен на гејмерите

1 

 

Ако некогаш сте го посетиле Амстердам, тогаш ќе знаете дека е навистина магично место. Поголемиот дел од знаменитостите и луѓето се сосема издвоени од огромните количини на лесно достапна трева. Без разлика на вашите ставови за рекреативната употреба на марихуаната, Амстердам е навистина одлично место за посета.


Сега, благодарение на новиот хотел посветен на гејмерите, овој град станува уште попривлечен.

 

1


Аркадниот хотел во Амстердам е наречен „првиот хотел за гејмери во светот“ кадешто гостите можат да се дружат, да играат ретро класици како и модерни наслови, и да прават други работи што се прават во еден хотел - да спијат во луксуз, да јадат вкусна храна и да пијат колку сакаат. Ако некогаш сакате да го посетите овој хотел, и се`уште сте добри во „Duck Hunt“, тогаш ова е вистинското место за вас.

Лоциран во Де Пијп областа, хотелот има 36 соби, секоја со ретро гејмерска конзола за која не се доплаќаат трошоци. Исто така, постои и избор на стрипови за читање додека чекате да ви дојде редот.

 

3


На свеченото отворање минатата недела, гостите можеа да учествуваат во FIFA натпреварот, со храна и дегустација на џин. Сопственикот на хотелот Даниел Салмановиќ зборуваше за плановите за проширување на бројот на собите до 46 за да можат да се сместат поголем број на гејмерски ентузијасти од целиот свет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија