X
 30.09.2019 Технологија

Детектор на стрес: Ако покажете среден прст, автомобилот ќе ја намали брзината

Компанијата „Хуавеј“ објави дека успешно патентира детектор на стрес на патиштата, односно систем за препознавање и мерење на нивото на стрес кај возачите кој е интегриран во внатрешноста на возилата и кој значително го зголемува нивото на безбедност во текот на возењето.

Системот е опремен со термички камери со чија помош се следи нивото на крвниот притисок, камера што го следи движењето на рацете на возачот и микрофон што го следи тонот на гласот на возачот. Споменатата технологија е патентирана во сегментот „иднината и паметните возила“, со оглед на тоа што таквите иновативни решенија стануваат можни во возилата на иднината опремени со 5Г-технологија.

Системот препознава и различни гестови што ги користат луѓето под стрес, како и промената во тонот на гласот, па дури и при употреба на одредени изрази. На пример, ако возачот покажува тупаница или среден прст, автомобилот автоматски ќе ја намали брзината. Истото ќе се случи ако возачот користи пцости, закани, навреди или ако почне да ја удира внатрешноста на возилото.

„Хуавеј“ веќе некое време сериозно размислува да примени различни сензори во возилата за да ги охрабри возачите да возат мирно и да избегнуваат алкохол. Ова значително ќе го намали бројот на сообраќајни несреќи и ќе резултира со помала стапка на смртност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија