X
 13.02.2018 Култура

Најголемиот буџет на Пентагон досега


Пентагон
(Фото: Pixabay)


Новиот буџет на Пентагон е најголем досега и изнесува 700 милијарди долари, што значи дека Соединетите Држави многу повеќе трошат на одбраната во споредба со двата главни конкуренти, Кина и Русија.

Буџетот што претседателот Трамп го потпишал во петокот предвидува значително зголемување на трошоците за војската. Во буџетската 2018 година Пентагон ќе има на располагање 94 милијарди долари повеќе отколку во претходната, што е скок од 15,5 отсто, пренесуваат светските медиуми.

Тоа е најголемо зголемување од 2003 година, кога буџетот на Пентагон бил зголемен за 26,6 отсто за време на војната во Авганистан, инвазијата на Иран и ширењето на системот за национална одбрана по нападите од 11 септември 2001 година.

Околу 629 милијарди се наменети за основни активности на Пентагон, додека 71 милијарда се предвидени за војните во Авганистан и во другите делови од светот.

Благодарение на новиот буџет, американската војска ќе може да исплати дополнителни илјадници војници, повеќе обуки и бродови и што уште не. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура