X
 21.09.2022 Економија

Десетици американски градови тестираат програми за универзален основен приход

Повеќе градови низ САД работат на програми за доделување универзален приход на жителите. 

Идејата за универзален основен приход стана популарна во 2020 година, кога многу домаќинства имаа тешкотии на почетокот од пандемијата. Многу американски градови почнаа да тестираат вакви програми во чии рамки на одбрана група луѓе им се доделува универзален приход без да се очекува нешто за возврат.

Здружението „Градоначалници за загарантиран приход“ вклучува над 80 градоначалници од 29 американски сојузни држави. Десетици градоначалници веќе започнаа пилот-програми за универзален приход, а уште повеќе планираат такви иницијативи.


Фото: Pixabay

Како дел од здружението, градовите може да се пријават за најмногу 500.000 долари за финансирање на нивните пилот-програми. Овие средства се доделени благодарение на донација од 15 милиони долари од главниот извршен директор на „Твитер“, Џек Дорси.

На листата со градови што најавија ваква пилот-програма се Феникс, Лос Анџелес, округот Санта Клара, Сан Диего, Сан Франциско, Денвер, Атланта, Чикаго, Њу Орлеанс, Балтимор, Минеаполис, Њујорк, Остин и други.

Движењето се шири, а дури и сојузните влади се заинтересирани за вакви проекти. Во 2021 година Калифорнија најави проект за задолжителен приход на ниво на сојузната држава, а во следните 5 години за овој проект ќе бидат потрошени 35 милиони долари.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија