29.03.2019
Живот
Ги дрогирал колегите зашто биле здодевни
Тинејџер од американската сојузна држава Мисури е фатен како ставал ЛСД во пијалакот на колегите од работа, а во своја одбрана изјави дека тоа го правел оти неговите колеги биле премногу нерасположени и здодевни.
Момчето (19) ја призна вината за ставање халуциногена дрога, па сега му се заканува казна за тоа, како и за поседување недозволени супстанции.
Тинејџерот го фатила на дело менаџерката на фирмата за изнајмување автомобили, која го видела како стои близу нејзината чаша со вода, па одлучила да не пие од неа. Набрзо таа повикала полиција откако забележала дека неколку колеги не се добро и дека еден од нив почнал да се тресе.
Кога полицајците го прашале зошто го сторил тоа, тој рекол дека колегите му биле многу негативни и дека тој само сакал да им го поправи расположението.
Извор: МИА