Една 64-годишна жителка на Флорида, САД, можеби е најсреќната личност во светот.
Таа имала два добитни тикети за лотарија и со нив добила две награди од 2 милиона долари во еден ден. Сузан Фитон имала два тикети со исти броеви, а и двата биле добитни, па нејзината целосна награда изнесува 4 милиони долари.
Според локалните медиуми, шансите да се добие само 1 милион долари на лотаријата во која учествувала Фитон се една во 12.607.306.
Извор:
Insider
Фото: Pixabay