X
 13.01.2021 Живот

„Мал остров“ во Њујорк ќе им понуди на жителите допир со природата

Островот „Пиер 55“ во Њујорк добива ново име заедно со радикален нов дизајн, па сега ќе се вика „Мал остров“.

Новиот „Мал остров“ на студиото „Хедервик“ ќе биде биоразновиден парк одделен од Менехтн. Неговата површина е направена од бетонски столбови кои се шират за да создадат модули на пејзаж.

1

Островот ќе има важна еколошка функција бидејќи на него ќе има 100 вида дрвја и друга флора. Покрај патеките за пешачење, еден дел ќе биде флексибилна област за изведба на настани на заедницата.

2

Концептот за уникатни столбови произлезе од идејата за поместување на структурните столбови во водата. Така, студиото „Хедервик“ може да го приспособи пејзажот за да ги реши дизајнерските проблеми, како што се циркулацијата и местата за седење и областите на изведба.

ostrov

Планот за островот наиде на силно противење од групите на локалната заедница, но за среќа, напредокот сега е во тек, па њујорчани и другите посетители ќе може да уживаат во паркот на југозападниот брег на Менхетн во текот на оваа година.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Heatherwick Studio/Luxigon
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот