X
 25.04.2022 Култура

Живописен италијански град исполнет со антички пештери во кои можете да престојувате

Италија е полна со прекрасни градови. И додека повеќето ги знаат Рим, Фиренца и Венеција, постојат многу скриени скапоцени камења за истражување. Несомнено Матера е еден од нив. Овој јужен италијански град е познат по своите неверојатни пештерски живеалишта познати како саси.

Поставени во варовитиот камен што е типичен за регионот, овие живеалишта се мали пештери кои претрпеле низа трансформации низ годините. Тие биле населени до средината на 50-тите години кога жителите биле евакуирани поради лошите санитарни услови. До доцните 80-ти години биле претворени во хотели, гостилници, уметнички галерии и културни центри. Матера беше прогласена за европска престолнина на културата во 2019 година.

1
Фото: Freepik

Иако научниците не се целосно сигурни кога првпат биле окупирани овие пештерски живеалишта, се верува дека градот бил населен уште во 10 милениум пр.н.е. Ова ја прави Матера едно од најраните места во светот што постојано е населено. Во текот на историјата Матера била окупирана од Грци, Римјани, Бурбонци и многу други. Холивуд, исто така, беше привлечен од уникатната убавина на Матера, а филмовите „Нема време за умирање“ и „Пасија“ го користеле како клучна локација.

2
Фото: Freepik

Со просперитетната уметничка заедница и туристички центар, Матера е една од најбрзо растечките економии во Јужна Италија и е пример за тоа како може да се зачува историјата.

matera
Фото: Freepik

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура