X
 29.05.2022 Живот

Индиски град во кој луѓето и леопардите живеат во хармонија

Индија е една од најгусто населените држави на Земјата и додека човештвото продолжува да навлегува во сè уште ненаселените шуми и планини, конфликтите меѓу леопардите и луѓето се неизбежни.

Но, постои едно место каде што луѓето и леопардите наводно живеат во мир и хармонија најмалку еден век. Се смета дека градот Бера е населен со најмногу леопарди на планетата и е познат како „земјата на леопардите“.

Наводно, во Бера и во неговата околина живеат околу 100 леопарди, но во последните 100 години овде не се забележани напади врз луѓе. Дури и кога локалните жители почнале да организираат сафари, бројот на напади од леопарди останал на нула.

Леопардите се дел од секојдневниот живот во Бера, па може да се види како овие големи мачки седат на карпите сретсело, па дури и шетаат по улиците. Многу туристи се шокирани кога гледаат како леопардите слободно шетаат низ селскиот храм, додека свештеникот непречено ги извршува секојдневните ритуали.

Дали репутацијата на Бера е преувеличена за маркетиншки цели? Веројатно, затоа што секоја година се собираат сѐ повеќе туристи поради необичната врска помеѓу човекот и овие диви мачки.



Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот