Италијанскиот архитект Стефано Боери дизајнира вертикална шума за албанската престолнина Тирана во која ќе бидат засадени разнобојни и миризливи цвеќиња и растенија.
Кулата е наречена „Тирана вертикална шума“ и таа ќе има стаклена фасада испрекината од балконите полни со растенија.
Вертикалните шуми се згради на кои има дрвја, грмушки и цвеќиња, а целта е да се зголемат зелените површини во градовите и да се подобри квалитетот на воздухот. Компанијата на Боери стои зад дизајнот на вакви кули во градови како Милано, Утрехт и Нанџинг.
Фото: Dezeen
- Тирана е медитеранска престолнина и затоа одбравме различни есенции типични за овој екосистем за првата албанска вертикална шума - истакна архитектката Лаура Гати.
Фасадата на станбениот блок ќе биде разубавена со 3.200 грмушки и 145 дрвја. Од архитектската компанија велат дека ова ќе создаде 550 квадратни метри зелена површина.
Фото: Dezeen
Кулата во Тирана, која ќе биде станбена зграда, ќе има една слепа фасада и три покриени со зеленило, отворајќи се како цвет кон плоштадот „Мајка Тереза“. Прозорците од под до таван ќе овозможат прекрасна глетка кон градот низ растенијата што ќе растат на балконите.
Кулата ќе има 21 кат и 105 стана. Исто така, ќе има и 4 подземни нивоа и приземје на кое ќе има простор за
продавници.