X
 17.02.2018 Наука

Најголемите жени во светот на науката и технологијата

По повод Интернационалниот ден на жените и девојките во науката, да се потсетиме на оние жени што дале значаен придонес во напредокот на човековото знаење низ историјата.

фото: interestingingenering.com

1. Хипатија

Хипатија била научник во Александрија, а нејзината работа често е заборавена од модерниот свет. Ги поминувала деновите како математичар, астроном и филозоф, во Византиската Империја. Била на чело на школата во Александрија, каде што поучувала филозофија и астрономија.

2. Марија Кири

Единствената жена во историјата што освоила две Нобелови награди. Нејзината работа за радиоактивноста е од есенцијално значење за човештвото. Била професор на Сорбона во Париз и основала лабораторија на Универзитетот во Париз.

3. Росалинд Френклин

Најмногу е позната по својата работа на дифракциски слики од ДНК. Нејзината „Фото 51“ довела до откривањето на двојната хеликс структура од Ватсон, Крик и Вилкинс во 1962 година. Ватсон потоа предложил дека треба да ѝ се додели Нобелова награда за хемија, но за жал комитетот нема правило за постхумни награди.

4. Лиза Мајтнер

Работела во областа на радиоактивноста и нуклеарната физика. Таа со својот тим ја открила нуклеарната фисија на ураниумот кога апсорбира дополнителен неутрон. Поголемиот дел од кариерата го поминала во Берлин и е првата жена во Германија што станала постојан професор. За време на Втората светска војна заминала во Шведска.

5. Гертруда Б. Елион

Ја делела Нобеловата награда за психологија со Џорџ Хичингс и сер Џејмс Блек. Работела на развивање нови лекови преку користење иновативни техники. Тоа довело до развивање на она што е познато како АИДС лек.

6. Августа Ада Кинг

Англиска математичарка и писателка. Позната по нејзината работа на механички компјутер за генерални цели. Дала придонес за креирање на првиот алгоритам кој бил наменет за користење на машината. Така, се смета за првиот компјутерски програмер.

7. Џоселин Бел Бурнел

Ги открила првите радиопулсари. Нејзиниот придонес кон проектот бил во однос на набљудувањето и анализирањето на пулсарите со голема прецизност. Нобеловата награда ја добил нејзиниот надгледувач, што се смета за голема неправда.

8. Барбара Меклинток

Добила Нобелова награда за психологија во 1983 година. Се занимавала со улогата на теломерите и хромозомите. Исто така, покажала дека гените се одговорни за физичките карактеристики. Добила голем број признанија и била избрана за член на Националната академија на науки во САД во 1944 година.

9. Чиен-Шиунг Ву

Американска експериментална физичарка која дала огромен придонес во нуклеарната физика. Била член на проектот „Менхетн“. Помогнала во развивање на процесот за поделба на ураниум метал во ураниум – 235 и ураниум – 238 изотопи преку гасна дифузија. Се смета за првата жена физичарка и уште ја нарекуваат „кралица на нуклеарното истражување“  и „кинеската Марија Кири“.

10. Дајен Фоси

Дала голем придонес во зоологијата, приматологијата и антропологијата. Поминала 18 години изучувајќи ги горилата во Руанда. За жал, била убиена во 1985 година, случај кој не е решен.

11. Рејчел Карсон

Биолог од Америка која се занимавала со изучување на животната средина. Напишала и неколку дела, меѓу кои и најнаградуваното „Морето околу нас“. Особено се занимавала со пестицидите креирани од човекот и нивното влијание.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука