Често пати јазикот е оној кој претставува бариера што не` спречува да се разбереме еден со друг. Тешко е кога човек не може целосно да искаже одредена идеја. Меѓутоа, ни доаѓа нова технологија која ќе го промени сето тоа и ќе им ја „земе“ работата на преведувачите.
„Waverly Labs“ е компанијата која стои позади најновиот развој тврди дека успеала да создаде слушалки способни за преведување помеѓу корисниците кои зборуваат различен јазик.
Универзалниот преведувач е долгогодишен сон, а инспирацијата доаѓа токму од љубовта. Всушност, уредот наречен „The Pilot“ бил создаден кога еден англиски инженер се заљубил во Французинка.
Компанијата тврди дека „The Pilot“ ќе може да преведува англиски, шпански, француски и италијански, а моментално компанијата работи за проширување на преводите на голем број други јазици како хинди, арапски, источно азиски, африкански и словенски.
Според веб страната на компанијата, слушалките ќе можат да работат и без интернет. Меѓутоа, ќе треба да бидат поврзани со „Pilot“апликација кадешто може да се најде јазичната база на податоци. Проектот на „Waverly Labs“ се води преку јавна кампања за финансирање на „Indiegogo“. Доколку кампањата е успешна, производот во продажба ќе чини 100 долари поскапо.