Секој родител го сака најдоброто за своите деца. Сите сакаме да ги воспитаме нашите деца најправилно што можеме и секогаш да бидеме тука за нив.
Иако не можеме магично да направиме децата да ги поседуваат сите вештини во светот, сепак постојат неколку основни животни вештини кои сите родители треба да ги научат своите деца. Не станува збор за вештини како возење на велосипед, свирење на музички инструмент или возење на автомобил. Овие суштински животни вештини ќе им помогнат на вашите деца подобро да се справат со светот и да пораснат во одговорни, почитувани и вредни членови на општеството.
1. Научете ги вашите деца никогаш да не престанат да учат и да читаат
Колку повеќе читате и учите, толку поотворен ќе биде вашиот ум за широк спектар на можности такашто ќе ги знаете сите работи кои ве прават попаметни и помудри. Децата треба да знаат дека учењето не секогаш вклучува само читање на учебници. Постојат многу други начини преку кои тие можат да учат. Охрабрете ги да имаат отворен ум кон читањето и учењето.
2. Научете ги вашите деца да играат со другите
Денес светот е едно глобално село. Вредноста на тимската работа и прифаќањето на другите заедно со нивните разлики не може доволно да се нагласи. Охрабрете ги вашите деца да се здружат и да работат со другите кон заеднички цели.
3. Научете ги децата да ги решаваат несогласувањата на мирен начин
Несогласувањата се неизбежни во животот, особено во денешниот хипер-конкурентен и себичен свет. Децата не треба да покажуваат насилство кога постојат одредени несогласувања. Поттикнете ги да се воздржуваат, и на мирен начин да ги решаваат проблемите.
4. Научете ги децата да го кажуваат она што го мислат, но на вистински начин
Кажете им на вашите деца дека вие нема секогаш да бидете до нив за да ги штитите и браните. Охрабрете ги да застанат позади нивните ставови, и да се бранат и да го зборуваат она што го мислат. Способноста човек да застане позади својот став, да комуницира ефективно и да води се некои од највредните вештини што еден човек може да ги поседува.
5. Учете ги децата да се извинуваат кога ќе згрешат, и да простат кога некој ќе им згреши
Децата треба да знаат дека секој човек прави грешки, но дека простувањето е најдобриот начин за човек да живее во хармонија. Не постои ништо срамно во барањето прошка и во простувањето на другите. Всушност, барањето прошка и простувањето се знаци на вистинска храброст.
6. Поттикнете ги децата да покажуваат неочекувана добрина и да им помагаат на оние на кои им е потребна помош
Покажувањето на неочекувана добрина не само што е добра работа, туку е и најлесниот начин за човек да допре нечиј живот. Охрабрете ги вашите деца да им помогнат на оние на кои им е потребна помош.
7. Научете ги вашите деца да останат позитивни и да се фокусираат на посветлата страна на животот
Животот не е секогаш полн со сонце и виножиот. Но, исто така не е секогаш мрак и пропаст. Животот е мешавина од добри и лоши искуства. Ако се фокусирате на позитивната страна на животот повеќе отколку на негативната, ќе сфатите дека животот воопшто не е лош. Охрабрувајте ги вашите деца да останат позитивни, да го ценат нивниот благослов и да ја пронаоѓаат среќата во малите нешта.
8. Научете ги децата да ја заштитуваат животната средина и да се грижат за животните.
Децата треба да знаат дека имаат само една планета за живеење. Сите треба да ја заштитиме и да се грижиме за неа. Ова значи грижа за растенијата, животните и природната средина околу нас. Охрабрете ги децата да ги нахранат птиците, да го прошетаат кучето и да ги наводнуваат цвеќињата.
9. Научете ги децата да водат грижа за нивната лична хигиена
Чистотата е здравје. Децата треба да знаат како да си ги мијат забите уште од најрана возраст. Наградете ги секој пат кога ќе забележите добри хигиенски навики и здрав начин на живеење, вклучувајќи здрава храна и редовно вежбање.
10. Научете ги вашите деца да сакаат безусловно
Љубовта е најголемата доблест. Се` зависи од неа. Без љубов се` ќе се руши. Научете ги децата да се сакаат себеси и другите не поради она што го прават, туку поради она што се. А кога ќе бидат доволно возрасни, треба да им ја кажете важноста на безусловната љубов кон нивниот иден партнер и безбедниот секс.