X
 20.02.2018 Технологија

Нов вирус ги демне невнимателните корисници на „Ворд“

virus

Станува збор за напредна верзија на класичниот лажен документ што бара многу мала невнимателност за да го инсталирате на вашиот компјутер, затоа што не бара ништо освен вчитување на документ во „Ворд“.

Според извештајот на безбедносната компанија „Спајдерлабс“, новиот вирус користи пропуст во „Мајкрософт Ворд“ што компанијата го реши пред повеќе од една година. Проблемот е што корисниците, од една или друга причина, не ги ажурирале своите програми, што значи дека кај голем дел од нив пропустот е присутен и понатаму.

Како да се ослободите од вирусот?

Откако ќе добиете е-порака со прикачен документ со чуден наслов (најчесто поврзан со финансиските извештаи) и двапати ќе кликнете на закачениот документ, сметајте дека сте инфицирани. Во тој случај, препорачуваме темелно скенирање на вашиот компјутер со антивирусни програми. Ако не сте кликнале, тогаш сте безбедни.

Како да го избегнете вирусот?

Едноставно, не кликнувајте на необичните прикачени документи. Секојпат кога ќе примите е-порака со наслов „Tnt statement of account“, „Request for Quotation“, „Telex Transfer Notification“, „Swift copy for balance payment“ и така натаму, немојте да го отворате прикачениот документ „recepit.dox“ или „receipt.rtf“. Проверете го испраќачот, проверете дали го имате ажурирано „Мајкрософт Офис“ и ажурирајте го вашиот антивирус.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија