Една компанија претстави апликација која може да го промени користењето на екраните на допир. Со апликацијата „Тачфри“ (TouchFree) се овозможува користење на овие екрани без директен допир. Командите се прават на „екран“ во воздух кој се наоѓа над вистинскиот екран.
Апликацијата е направена од компанијата „Лип Моушн“. Таа користи камера и софтвер за движење на рацете за да го овозможи користењето на екраните без вистинско допирање. Апликацијата е
дизајнирана за да работи со секакви екрани на допир, без нивна промена.
Фото: Leap Motion
Екраните на допир се секојдневие за користење на станици, во хотели и аеродроми или музеи. Но анкетите покажуваат дека поради пандемијата, дури 80% од луѓето сметаат дека ваквите екрани на јавни места се нехигиенски, а само 50% од потрошувачите повторно би користеле вакви екрани. Затоа апликацијата би можела да биде решение на проблемот.
Автор: Бред Берган
Извор:
interestingengineering.com