X
 26.09.2017 Наука

Замислете општество во кое не постојат половите

Веројатно сте почнале да одговарате на прашањето за вашиот пол уште на мала возраст и тој идентитет може да биде концепт кој е толку интегриран во вас што никогаш не сте размислувале подлабоко за него. Но што е всушност полот? Тој не е ист како вашиот биолошки пол. Полот може да биде дефиниран како начин како се дефинираме себеси во однос на другите. Но ако неговата главна цел е да дејствува како алатка со цел да им помогне на другите да го воспостават претпоставеното мислење за тоа кои сме, тогаш дали навистина е важен, па дури и неопходен?

Негово, нејзино или ниту едно?




„Пост-полот“ е идејата дека родот кај луѓето треба да биде доброволен и дека треба да се потпреме на напредната технологија за да го замениме. Луѓето што ја поддржуваат оваа идеја тврдат дека укинувањето на полот всушност ќе биде ослободување на општеството од традиционалните улоги на половите и очекувања кои во голема мера се штетни за општеството. Нивните аргументи велат дека еден ден, технолошкиот напредок во асистираната репродукција би можел да го направи биолошкиот пол спорен, бидејќи бебето би можело да се роди од ист пол или од тројца различни родители за да се создаде единствен фетус.

Ова е комплицирана тема и доста контроверзна, но го поттикнува прашањето: Како би изгледало општество во кое не постои пол? Погледнете ги видеата подолу за да добиете подобра перспектива за тоа каква е улогата на полот во општеството.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука