X
 24.12.2018 Наука

Слушањето премногу божиќни песни може да ви го наруши менталното здравје

Доаѓа оној период од годината кога божиќните песни се слушаат насекаде - во секоја продавница, во трговските центри, на улица... Некои ги сакаат, други ги мразат, но во никој случај не може да се избегнат.

Ретко се прашуваме зошто толку многу слушаме божиќни песни?

Официјално, слушањето божиќни песни премногу е лошо за вас. Константната музика што започнува во ноември и го достигнува врвот до Божиќ почнува да ги прави луѓето среќни, но полека станува сѐ повеќе и повеќе иритантна како што луѓето ги слушаат истите песни безброј пати. По одредено време оваа музика предизвикува стрес кај луѓето, а е особено лоша за луѓето што работат во продажба и кои мораат да ја исклучат музиката ако сакаат да функционираат.

Феноменот зад ова се нарекува „целосна изложеност“. Нѐ тера да ги сакаме работите што ни се познати, со почести интеракции со нешто што нѐ тера да имаме подобро мислење за тоа. Слично е како Стокхолмскиот синдром, а рекламните агенти често го искористуваат тоа. Сепак, постои точка на презаситеност што предизвикува да започнеме да не го сакаме нештото со кое сме во постојана интеракција.

Психологот Линда Блер објаснува дека празничната музика може да почне да нѐ доведува до стрес.

- Луѓето што работат во продавниците мора да престанат да ги слушаат божиќните песни бидејќи ако не престанат, нема да можат да се фокусираат на ништо друго... Едноставно ја трошат целата енергија обидувајќи се да не го слушаат она што вие го слушате - вели таа.

Ако тоа звучи како тортура, тогаш нема да бидете изненадени дека повторувачката музика веќе била користена за тоа. Но, зошто трговските центри ги малтретираат луѓето на ваков начин?

Се разбира, за пари. Истражувањата покажуваат дека потрошувачите ќе поминат повеќе време во една продавница во која свири божиќна песна отколку во продавницата во која не се пушта таква музика. Ефектот е зголемен кога во продавниците се испушта божиќен мирис како пеперминт или цимет. Продавниците имаат причини да го прават тоа бидејќи многу клиенти ги одложуваат купувањата во последната минута. Со оглед на тоа што повеќето купувачи сега користат онлајн-продавници, има смисла продавниците да го прават ова за да ги натераат луѓето да одат во продавници.

Продавачите се советуваат да ги избегнуваат божиќните песни колку што е можно повеќе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука