X
 04.09.2015 Технологија

Нов револуционерен производ на Самсунг

Самсунг го објави и својот нов изум - мал уред кој не само што може да го следи вашиот сон, туку може да го контролира вашиот клима уред, телевизор и аудио систем за да ви обезбеди подобар сон, помалку замор и побрз метаболизам.

 

уред


Уредот дури и може да го исклучи вашиот телевизор кога ќе „почувствува“ дека сте заспале пред него.

„сега ви нудиме можност да го следите, управувате и подобрите квалитетот на вашиот сон“, вели потпретседателот на Samsung, Јун Си Ли. Тој додава дека резултатите можат да се постават на интернет и да се претстават во апликација.

„Кога сте во кревет, уредот ги мери отчукувањата на срцето и вашето дишење, а без да го допира вашето тело обезбедува точност на податоците до 97%“, вели тој. Уредот исто така следи колку време ви е потребно за да заспиете, колку ефикасно спиете, колку пати се будите и дали сте станале од кревет.

„Уредот е различен од сите постојни технологии за следење на сонот бидејќи не само што го мери однесувањето на корисникот туку се обидува и да го подобри преку поврзување на уредите дома како што е телевизорот, клима уредот и светлата“, објаснува Ли.

Така на пример, во жешка летна ноќ, „SleepSense“ може да испрати порака до поврзаниот клима уред да ја намали температурата. Исто така, може да го исклучи телевизорот откако ќе „почувствува“ дека сте заспале, или пак да го намести кафематот кога ќе „почувствува“ дека сте се разбудиле наутро.

Уредот бил создаден во соработка со експертот за метаболизам, Д-р Христос Мантзорос од Медицинскиот факултет на Харвард.

„Со повеќе од 25 години искуство и експертиза во човечкиот метаболизам, јас можам да кажам дека со сигурност постојат три важни фактори за регулирање на вашиот метаболизам: колку јадеме и пиеме, колку вежбаме и колку добро спиеме. Многумина од нас овие фактори ги земаат здраво за готово. Повеќето луѓе не сфаќаат колку и дали тие можат да го подобрат нивниот сон“, вели Д-р Мантзорос.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија