X
 02.03.2018 Технологија

Телефон кој ќе ве спаси од зависноста од телефонот

1
Фото: Light

Стартап-компанијата „Лајт“ си постави неверојатна цел - да ги натера луѓето да не ги користат своите паметни телефони. За оваа цел, во 2014 година и една година подоцна на пазарот го претстави својот прв производ - „лајт телефонот“.

Телефонот има опција само за повици и прикажување на часовникот, а компанијата го опиша како „доста паметно глупав телефон“. На некој начин мисијата на „лајт“ беше да ги натера луѓето да ги остават своите паметни телефони и да уживаат во животот.

Сега „Лајт“ се враќа со својот нов производ „лајт 2“, ажурирана верзија што би можела еднаш засекогаш да ве натера да се откажете од паметниот телефон.

Втората генерација на мобилни телефони доаѓа во совршен момент кога истражувањата покажуваат дека премногу време поминато на екраните влијае врз нашиот мозок. Дури и директорите на најдобрите технолошки компании им го забрануваат пристапот до паметни телефони на нивните деца.

Затоа, новиот уред „лајт“ намерно е ограничен. Овој телефон е дизајниран така што нуди некои од активностите што нè „држат“ поврзани - јавување, испраќање пораки и добивање насоки, а ги елиминираат активностите што залудно го трошат нашето време, како што се социјалните медиуми и игрите.

„Лајт 2“ има будилник, поголем звучник, микрофон и копчиња. Добро е тоа што е само 6,5 мм дебел и долг колку една кредитна картичка. Во наредните 25 дена цената на телефонот ќе изнесува 250 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија