X
 01.09.2020 Живот

Ќе посакате да ги избришете профилите на социјалните мрежи поради овој документарен филм

Социјалните мрежи ги трансформираа нашите животи на подобро на многу начини, особено за време на пандемијата на коронавирусот. Но нема сомнение дека нашата зависност од „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“ станува и причина за грижа, а ова е главната тема на новиот документарен филм на „Нетфликс“ наречен „Социјална дилема“.

Во трејлерот за документарниот филм се открива дека сè што правите на интернет се следи и секоја активност се евидентира. Вработени во Силициумската долина откриваат како социјалните мрежи ја репрограмираат цивилизацијата со тоа што го изложуваат она што се крие на другата страна од екранот.


Фото: YouTube

Меѓу изворите е и човекот кој помогнал во смислувањето на копчето за „Ми се допаѓа“ на „Фејсбук“ и поранешен претседател на „Пинтерес“.

Трејлерот за документарниот филм започнува едноставно - со човек кој пребарува за климатските промени на „Гугл“. За неколку секунди се покажува како се добиваат различни резултати врз основа на местото на живеење и интересите на корисникот. Ова не е случајно.

Документарниот филм е режиран од Џеф Орловски. Ќе биде достапен на „Нетфликс“ на 9 септември, но веќе бил прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“.


Автор: Кејли Дреј
Извор: stylist.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот